1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нова рација во аферата со поранешниот портпарол Глезекер

Државното обвинителство од Хановер изврши претрес во канцеларијата на поранешниот портпарол на претседателот Криситјан Вулф. Истрагата против Олаф Глезекер се води поради сомневање за поткупливост.

default

Олаф Глезекер и претседателот Кристијан Вулф (архива)

Државното обвинителство и службеници на покраинската криминалистичка служба на Долна Саксонија во четвртокот минатата недела извршиле претрес на канцеларијата на Олаф Глезекер, во претседателскиот кабинет. Причината за претресот е истрагата која се води против поранешниот портпарол на претседателот Криситјан Вулф, Глезекер, поради сомневање за примање поткуп. Портпаролот на државното обвинителство од Хановер државниот обвинител Ханс Јирген Лендекел за новинската агенција дапд денеска потврди дека претресот траел неколку часови. Службениците со себе понеле „писмени документи и компјутерски податоци“ кои сега треба да бидат анализирани.

Германската кацеларка Ангела Меркел во текот на викендов повторно застана зад претседателот Кристијан Вулф. За весникот „Билд ам Зонтаг“, Меркел на прашањето колку има иднина Вулф на претседателската функција оговори: „Нашиот сојузен претседател ќе постави уште многу акценти за нашата земја и за соживотот во неа“. Наспроти канцеларката, опозиционите социјалдемократи стравуваат, дека однесувањето на претседателот Вулф во аферата околу кредитот ќе нанесе штети на имиџот на Германија.

Актуелната истрага на државното обвинителство од Хановер е насочена против поранешниот портпарол на Кристијан Вулф, Олаф Глезекер и претприемачот Манфред Шмит поради сомневање за мито во рамките на манифестациите меѓу покраините Долна Саксонија и Баден Виртенберг наречени - „Северно-јужен дијалог“.

Автор: АТ/ СН/ дапд

Редактор: Симе Недевски