1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нова рампа за Македонија во НАТО

Грчкиот министер за надворешни работи Петрос Моливијатис на новинарите кои известуваат од НАТО самитот им изјави дека е потврдено – прием на Македонија во Алијансата ќе има кога ќе се реши прашањето за името со Грција.

Моливијатис изјави дека на состанокот на НАТО лидерите во Чикаго е потврдена таквата позиција на Алијансата и додаде дека биле направени „одредени изолирани обиди“ за промена на одлуката на НАТО од самитот во Букурешт во 2008-ма година.

„Самитот ги повтори одлуките од Букурешкиот самит и е потврдено дека соседната земја ќе биде поканета да му се приклучи на НАТО само кога ќе го реши проблемот со името“, рече Моливијатис.

Во исто време, македонската информативна агенција Макфакс објави дел од завршната декларација на НАТО самитот која се однесува на Македонија. И според Макфакс надминувањето на спорот со името со Грција останува услов за Македонија за приклучување во НАТО, а тоа е содржан во декларацијата подготвена од шефовите на држави или држави на Алијансата на самитот во Чикаго.

NATO-Gipfel in Chicago 2012

Решението за проблемот околу името и натаму останува услов за прием во НАТО

НАТО повикува на изнаоѓање на заемно прифатливо решение за спорот во рамки на ОН и го нотира придонесот на земјата во операциите предводени од страна на Алијансата.

„Го повторуваме договорот од нашиот самит во Букурешт во 2008-ма година, како што направивме на последователните самити, да и’ врачиме покана на ПЈР Македонија да и’ се приклучи на Алијансата кога ќе се постигне заемно прифатливо решение за спорот за името во рамки на ОН и силно охрабруваме интензивни напори во тој правец. Што поскоро решение и последователно членство ќе придонесе за безбедноста и стабилноста во регионот“, стои во декларацијата.

Лидерите од НАТО сакаат да видат продолжение на преговорите меѓу Атина и Скопје, како и нивно завршување со решение во најскоро можно време.

„Охрабруваме преговорите да се водат без понатамошно одложување и очекуваме да бидат завршени што е можно поскоро. Ги поздравуваме и продолжуваме да ги поддржуваме континуираните реформски напори во ПЈР Македонија и охрабруваме нивна континуирана имплементација. Исто така ги охрабруваме нејзините напори за натамошна изградба на мулти-етничко општество. Го цениме значајниот придонес на ПЈР Македонија за нашите операции, како и за нејзината активна улога во регионалната соработка. Ја цениме дологрочната посветеност на ПЈР Македонија на пристапниот процес“, се вели во точката 26 од Декларацијата на шефовите на држави и влади на земјите-членки на НАТО.