1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нова пречка на патот на Ромни кон Белата куќа

Тајно снимен филм е новата пречка за претседателскиот кандидат Мит Ромни. Во видеото објавено на интернет, мултимилионерот Ромни негативно се произнесува за приврзаниците на Обама.

Мит Ромни повторно самиот си стави сопка при изборната кампања за претседател на САД. Пред добростоечки донатори кандидатот за претседател од редовите на Републиканците приврзаниците на актуелниот претседател Барак Обама ги нарече жртви. Речиси половина од Американците веруваат дека тие биле жртви и имале право на финансиска поддршка. Како кандидат за Белата куќа не било негова задача „да се грижи“ за овие луѓе. Овие коментари на Ромни се документирани на видео снимка кои ги откри американски магазин.

„47 проценти од луѓето ќе гласаат за претседателот, сеедно што ќе се случи“, е една од изјавите на Ромни на тајно снимениот филм. „47 проценти се на негова страна, се зависни од владата, тие се гледаат како жртви и веруваат дека владата е обврзана да се грижи за нив, дека имаат право на здравствено згрижување, на прехранбени производи, стан, што и да е“. Тој не може да размислува за тие луѓе. „Никогаш нема да ги убедам дека мораат да преземат одговорност и да се грижат за својот сопствен живот“, вели Ромни.

Infografik Swing States USA Präsidentschaftswahl 2012 Bildergalerie

Нова видео снимка од претседателската кампања ја разбранува американската јавност

На свиканата прес-конференција во понеделникот вечерта Ромни призна дека неговите коментари не биле елегантно формулирани. Тој говорел без претходна подготовка. Ромни побара целата видео снимка да биде објавена на интернет, а не само делови од неа. Тој не се извини, но се потруди да ја појасни ситуацијата. „Се разбира сакам да им помогнам на сите Американци“, појасни Ромни. Неговата порака била, дека ставовите на претседателот биле атрактивни за луѓето кои не плаќале даноци. Тој напротив сака да ги намали даноците и со тоа повеќе и’ се обраќа на средната класа.

Изборниот тим на актуелниот претседател Обама оцени дека филмот е шокирачки. „Шокантно е што кандидат за претседател на САД зад затворени врати пред група добростоечки донатори  појаснува дека половина од американскито надрод се гледа како жртва“, појасни менаџрот на изборната кампања на Барак Обама, Џим Месина. „Тешко е да се владее како претседател на сите Американци, ако половина од нацијата со презир е отпишана“, дополни Месина, заземајќи став за видео снимката која е објавена на интернет.

Видео снимката ја обави магазинот „Mother Jones“. Левичарски ориенираниот американски весник не навде податоци за авторот. Самиот автор Д.К. за телевизијата MSNBC изјави дека филмот бил снимен на 17. мај при собир за даонации во Бока Ратон на Флорида. Мит Ромни зборвал во куќата на Марк Лидер, ко-шеф на инвестициската фирмата „Сан Капитал Партнерс“.