1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Нова пол позиција за Фетел

Актуелниот светски првак во Формула 1, Себастијан Фетел, ја освои пол позицијата во пресрет на трката за Големата награда на Индија.

Фетел, до 43-та пол позиција во кариерата стигна лесно, откако повторно немаше конкуренција на патеката, неговиот најбрз круг изнесуваше 1:24.119 минути, што за 0.752 секунди беше побрзо од времето на второпласираниот Розберг. Инаку, Фетел е единствениот возач кој ја има освојувано пол позицијата во Индија, претходно во квалификациите беше најдобар и во 2011. и 2012. година кога и победуваше во индиската метропола.

Доколку Германецот, на трката утре избори пласман на едно од првите пет места, тогаш и теоретски ќе ја обезбеди четвртата последовна шампионска титула.

Првиот ред на трката во Индија го формираа Себастијан Фетел (Ред Бул) и Нико Розберг (Мерцедес), од вториот трката ќе ја започнат Луис Хамилтон (Мерцедес) и Марк Вебер (Ред Бул), а во првите десет пласман на стартот изборија уште: Фелипе Маса (Ферари), Кими Раиконен (Лотус), Нико Хулкенберг (Заубер), Фернандо Алонсо (Ферари), Серхио Перез (Мекларен) и Џенсон Батон (Мекларен).

Трката за Големата награда на Индија, ќе се вози утре (27.10.2013) со почеток во 10:30 часот по средноевропско време.