1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нова победа на предизборите на Ромни

Мит Ромни победи на предизборите во североисточната држава Мејн со 39 проценти од гласовите, иако гласањето во оваа држава е необврзувачко во трката за номинација. Но, победата му беше потребна на Ромни како поддршка.

Гласањето беше значајно затоа што донесе олеснување кај кандидатот, чиј статус на предводник во трката кај републиканците беше ставена под знак прашалник во вторникот. Тогаш Санторум победи во Колорадо, Мисури и Минесота.

Меѓу републиканците се’ уште е нејасно кој од кандидатите ќе му се спротивстави на Барак Обама. Поранешниот кандидат за потпретседател Сара Пејлин им порача на конзервативците на состанок во Вашингтон да не брзаат со кандидатот и да ги остават да се борат. Таа порача дека не треба да се слушаат експертските мислења дека републиканците треба сега да извадат еден кандидат кој ќе се бори со Обама.

„Во Америка веруваме дека конкуренцијата не’ засилува. Конкуренцијата ќе не однесе до победа во 2012-та. Верувам дека таа треба да продолжи“, рече Пејлин.

А, Ромни се бори да ја добие довербата од конзервативните активисти, кои ја сочинуваат базата на републиканците. Но, тие на него гледаат со скепса, поради менувањето на ставовите за различни прашања, вклучувајќи ја и претходната поддршка на правото на абортус. Конзервативците сметаат дека конкурентите на Ромни, Рик Санторум и Њут Гингрич, имаат погледи на нештата на иста линија со нив.

Автор: Александар Методијев /афп/ап

Редактор: Александра Трајковска