1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Нова палестинска влада

Палестинската влада на националното единство синоќа стапи на должност и положи заклетва пред претседателот Махмуд Абас. Новата влада, формирана по неколкумесечните преговори меѓу палестинските фракции на Хамс и Фатах, синоќа ја доби довербата од палестинскиот парламент. Американската влада во првата реакција за изборот на новата влада, изрази разочарување. Нагласувањето на правото на отпор против Израел е во спротивност со принципите на блиско-источниот квартет, соопшти министерството за надворешни работи. На тој начин се реагира на изјавите на палестинскиот рпемиер Исмаил Ханија. Европската унија има намера во прво време да го продолжи бојкотот против палестинскиот кабинет.