1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Нова офанзива во Ирак

*

Американската армија почна нова офанзива против бунтовниците во Ирак. Воената акција е наменета против наводни пунктови на Алкаеда. Непознати екстремисти извршија нов напад врз сунитска џамија. При експлозијата во јужно ирачкиот град Басра, според портпарол на војската уништено е минарето на џамијата. По нападот врз Златната џамија во Самара во средата, извршени се повеќе атентати врз сунитски џамии. Вчера во близина на Басра целосно беше уништена џамија. Ирачката влада потоа воведе полициски час во градот. Радикалниот водач на Шиитите Муктада ел Садр ги повика Ирачаните на марш во Самара како протест против нападот врз Златната џамија.