1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нова операција на израелската армија во Појасот Газа

По воената операција на израелската армија во Појасот Газа, во која беа убиени 19 Палестинци, ЕУ апелираше до Израелците и Палестинците да ги прекинат насилствата.

default

Израелски војник приведува двајца заробени палестински радикали во Појасот Газа

Израелската армија навлезе во градот Газа уште во понеделникот на вечер. Армијата прво со тенкови, булдожери и хеликоптери нападна куќа на еден радикален Палестинец, на што припадниците на Хамаз возвратија со оган. Борбите продолжија со саати, а конечниот биланс е 19 жртви од палестинска страна. Портпарол на израелската армија изјави дека цел на операцијата било уништување на „терористичката инфраструктура„ , при што се мисли на борците на радикалните палестински групи кои стрелаат ракети врз израелска територија.
Лидерот на Хамаз и понарешен палестински премиер Исмаил Ханија најновата операција на израелската армија, во која загина и синот на еден од основачите на оваа радикална организација, ја коментираше на следниот начин.
„Тоа е така секогаш, синовите на водачите се борат во првите борбени линии. Пролеаната крв е клетва врз напаѓачите и окупаторите. Ваквите масакри што ционистичките окупатори ги извршуваат деноноќно само ќе ја зајакнат волјата на палестинскиот народ да се бори за неговите права и да се придржува до сопствената изборна волја.„
Солидарност со Палестинците во Појасот Газа манифестираше и Претседателот Махмуд Абас од седиштето во Рамала на Западниот брег:
„Денеска имаше масакр над нашиот народ и ние му велиме на светот, на Израел и на сите други народи: не може да се молчи повеќе по вакви злостори. Тие никогаш нема да донесат мир!„
Израелскиот Претседател Шимон Перес вината за крвопролевањето во Појасот Газа му ја припиша на радикалното движење Хамаз:
„Често велев: ако Хамаз престане да стрела врз нашата територија, тогаш и ние ќе престанеме да стреламе, но доколку продолжи, тогаш ќе сториме се‘ за да го спречиме во тоа!„
Перес посочи дека Израел потполно се повлекол од Појасот Газа и дека сега е одговорност на Палестинците да му стават крај на насилството.