1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Нова олимписка дисциплина - слоуп-стил

На ЗОИ во Сочи премиера имаат скијачки скокови за жени, мешана штафета во биатлон и екипни натпревари во санкање. Но, тоа се само нови дисциплини на стари олимписки спортови. Вистински новитет има во алпското скијање.

Маневрите се викаат „Свич Дабл Мисти“, „Тракдрајвер“ или „Дабл Корк“.

Лиза Цимерман ги владее сите.

„Немам страв, повеќе е дека не знаеш што ќе се случи. Ако се плашиш, веднаш откажи се, оти тогаш најчесто не успева“, вели таа.

Скокови преку вештачки возвишенија и скијање по две патеки со пречки со должина меѓу 600 и 700 метри - во слоуп-стил се комбинираат брзина и акробатика.

„Во слободното скијање постојано оди угоре и удолу. Ако паднеш, мора да се соземеш и повторно да се обидеш, инаку нема ништо да научиш.“

Со напорен тренинг Лиза научила многу бргу. Со слоуп-стил почнала пред само три години. Претходно се занимавала со уметничко лизгање. Напрегањето на телото што притоа го усовршила и‘ помогнал брзо да стане една од најдобрите во светот.

„Супер е што учествувам на Олимпијадата. Голема чест е да се видат сите тие врвни спортисти.“

Во меѓувреме и самата е на врвно ниво. Лиза Цимерман е прва жена на која и‘ успеа четирикратна ротација. Неодамна првпат победи во Светскиот куп. Во германскиот олимписки тим е една од најмладите и е таен фаворит за медал.