1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нова несреќа на суданската воена авијација

Триенаесет судански војници загинаа, а девет други се повредени кога транспортен авион се урна денеска на пат кон Дарфур. Информацијата ја потврди суданската армија. До несреќата дошло поради проблем со еден од моторите.

„Тринаесетмина веднаш загинаа, а девет лица се пренесени во болница“, изјави портпаролот на суданската војска Саварми Калед Саад. Тој нагласи дека пилотот пред несреќата пријавил дека има проблеми со еден од моторите. Портпаролот изјави дека авионот е од типот „Антонов“ и додаде дека тој пренесувал воена опрема.

Во авионот имало шест членови на екипажот и 16 припадници на армиските сили. Сведоци ги информираа медиумите дека хеликоптер ги пренесува починатите и повредените од местото на несреќата.

Ова е најлошата во серијата авионски несреќи на суданската воена авијација од минатата година до сега и следува по бранот немири во Дарфур, завојуваниот западен регион, каде бунтот почна пред речиси една деценија. Армиските сили на Судан користат авиони и хеликоптери од руски производство. Во јули бунтовниците објавија дека собориле хеликоптер Ми17, убивајќи седум војниви. Минатиот декември загинаа други шесторица во уште една хеликоптерска несреќа. Тогаш армијата информираше дека до несреќата дошло поради технички проблем. Така беше и во април минатата година, кога во уште една хеликоптерска несреќа загинаа пет војниви.

Инаку, ситуацијата во Западен Дарфур се влошува, а тоа предизвика грижи и кај американските власти. Тие во четвртокот забележува дека со најновите инциденти се загрозува имплементацијата на мирот во регионот. Повеќе од 70 цивили се убиени само во периодот од 25-ти до 27-ми септември во битките мешѓу бунтовниците и силите на суданската влада. Припадници на црнечки африкански племиња се кренаа на бунт против доминантната влада со Арапи во 2003-та година. Повеќе од 300.000 лица се убиени во овој конфликт.