1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Нова надеж за вработените во „Опел“

Американскиот автомобилски концерн „Џенерал Моторс“ засега не планира затворање на производствени погони во Европа, соопшти премиерот на германската сојузна покраина Северна Рајна Вестфалија, Јирген Ритгерс.

default

Фабриките на „Опел“ нема да бидат затворени

Околу 25 илјади работници во производствените погони на Опел во Германија слушнаа добра вест од Детроит. „Џенерал Моторс“ засега нема планови за затворање на фабриките на Опел во Германија. Меѓутоа во наредните недели раководството на концернот ќе мора да подготви соодветен план за способноста на фирмата во иднина. Во игра се повеќе опции, меѓу кои и онаа за спојување на европските фирми ќерки на „ЏМ“, „Опел“ „Сааб“ и „Воксал“. Премиерот на Северна Рајна Вестфалија, Јирген Ритгерс по разговорите во Детроит со шефот на „ЏМ“, Рик Вајгонер, изјави:

„Во последните денови имаше неверојатно многу гласини дека постои одлука за затворање на Опел во Бохум и дека ќе се бара друго решение за Ајзенах. Дефинитивно нема таква одлука. Постои план, кој е поднесен во американскиот Конгрес. Во него се предвидени заштеди и промени за Европа, за „Опел“ и другите друштва. Но најважното е дека она што сега таму се случува, треба да се изработи и во Европа“.

Нема помош без концепт

Deutschland Finanzkrise Rettungspaket Angela Merkel im Bundestag

Ангела Меркел: помош, но под одредени услови

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека без соодветен концепт за иднината на „Опел“, нема да може да се издвои државна помош:

„Пред нас стои задача која ’Опел’ мора да ја сработи заедно со мајката концерн ’Џенерал Моторс’. Мора да се подготви концепт околу позитивните изгледи за ’Опел’ “, рече Меркел


Инаку, шефот на „Џенерал Моторс“ Рик Вајгонер, изјави дека во текот на годинава концернот ќе отпушти 47 илјади работници, од кои 27 илјади надвор од САД.