1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Нова надеж за Бајер и Бајерн

19-то коло во германската фудбалска Бундеслига им донесе нова надеж на Бајер Леверкузен и Бајерн Минхен дека не е се‘ загубено во битката за титулата, по киксот на лидерот од Дортмунд.

default

Напаѓачите на Борусија (Д) се изнапромашија против Штутгарт

Мала сопка за големиот фаворит за титулата. Лидерот Борусија Дортмунд одигра само нерешено 1:1 со годинава слабиот Штутгарт. Пред самиот крај на мечот, Погребњак погоди за израмнување. „Тоа што примивме гол од контра-напад, говори за начинот на игра кој го негуваме сезонава. Фактот што постојано играме напаѓачки годинава шест или седум пати ни донесе три бода. Денеска загубивме два бода. Животот оди понатаму“, изјави тренерот на Дортмунд Јирген Клоп.

Најблискиот конкурент на Борусија сега е Бајер со 11 бода заостанување, по победата на гостувањето кај Менхенгладбах од 3:1.

Fussball 1. Bundesliga 2010/2011 19. Spieltag Borussia Mönchengladbach Bayer Leverkusen

Балак се врати во тимот на Бајер по повеќемесечна пауза поради повреда

Сите беа во очекување на враќањето на Михаел Балак на теренот по повеќемесечна пауза. Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација успеа да издржи 60 минути на мечот. „По толку долго отсуство поради повреда одлично беше чувството повторно да се биде на теренот. Стигнавме до второто место и би сакале да го задржиме. Ќе мораме да ја подобриме формата на домашен терен каде не играме добро. Очигледно нагости подобро ни оди. Се‘ што ни е потребно е една убедлива победа на домашен терен за да ја вратиме самодовербата“, изјави Балак.

Бајерн убедлив, Мајнц продолжува да паѓа

Бајер го прескокна на табелата Хановер кој на домашен терен загуби од Шалке со 1:0. Есенското изненадување Мајнц забележа уште еден пораз, овојпат пред своите навивачи од Волфсбург, и го загуби

Mario Gomez Stürmer Bayern München

Марио Гомез (Бајерн М) се надева дека сезонава може да стигне до титулата најдобар стрелец

третото место на табелата кое сега му припаѓа на бранителот на титулата Бајерн. Баварците беа убедливи на домашен терен против Кајзерслаутерн, победувајќи со 5:1. Трикратен стрелец беше Марио Гомез кој сега ја предводи листата на стрелци со 15 погодоци.

„Сосема друго ќе биде доколку бидам прв на крајот на сезоната. Но и во спротивно, не е ништо страшно. Сакав да останам стабилен до последната секунда и да ги искористам шансите. Ќе продолжам и ќе видиме уште колку гола ќе дадам до крајот на сезоната“, рече Гомез.

Најголемиот ривал на Гомез, Папис Сисе од Фрајбург викендов не можеше да го зголеми своето салдо од 15 гола поради казна. Неговиот тим ремизираше на домашен терен против Нирнберг 1:1. Второто реми колово го одиграа Хофенхајм и Сенкт Паули- 2:2.

Келн бега од опасната зона

Чекор понатаму во бегството од опасната зона направи тимот на Келн кој убедливо го совлада Вердер пред својата публика со 3:0. Тимот од Бремен, пак, по ова коло може да се смета и за кандидат за испаѓање во понизок ранг. „Келн одигра многу добро. Не‘ нападнаа од самиот почеток и никогаш не успеавме да се вратиме во игра. Тоа би била анализата на мечот, иако јас не можам да разберам што се случува. Тие беа подобри од нас во секој аспект од играта и тоа покажува каде се наоѓаме“, оцени директорот на Вердер, Клаус Алофс.

Во последниот меч од колото, Хамбургер успеа да дојде до минимална домашна победа над Ајнтрахт од 1:0.

Автор: Андреас Цимонс/ Борис Георгиевски

Редактор: Александра Трајковска