1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нова надеж во борбата против сидата

На конференцијата за сидата во Вашингтон се очекуваа 25.000 учесници. Организаторите сметаат дека борбата против овој вирус е стигната до пресвртна точка.

Д-р Дајан Хавлир е оптимист: „Првпат воопшто имам чувство, дека се наоѓаме на почетокот на крајот на епидемијата на сида“. Хавлир е лекарка во болницата во Сан Фрнациско и еден од претседателите на 19. Mеѓународна конференција за сидата, што од денеска (22.07) до 27 јули се одржува во главниот град на САД под мотото „Заеднички да се сврти листот“.

Bildergalerie Geschichte von HIV/AIDS

Медицинари, научници и политичари на конференција за борба против сидата во Вашингтoн

Хавлир е еднa од научниците кои се занимаваат со проблематиката од самиот почеток. Уште кога изби епидемијата со сида во 1980-тите години на минатиот век таа се грижи за пациентите инфицирани од ХИВ. За нејзиниот оптимизам сега има причини: „Во изминатите три години имаше редица пробиви во истражувањето на ХИВ, со што бројот на нови инфекции и смртни случаи од сида ќе може значително да се намали“. Кон ова се вбројува и сознанието дека лекарствата не само што во меѓувреме го подобруваат животниот квалитет и го продолжуваат животот, туку можат да спречат инфекција. Неодамна американските надлежни власти за првпат издадоа дозвола за лек, кој во голема мерка ја намалува веројатноста од инфицирање со сида. Сепак, лекот Трувада не значи стопроцентна заштита, велат научнициите.

Обезбедување на финансиите и привлекување внимание

Втората важна тема на која ќе дебатираат учесниците на конференцијата во Вашингтон е токму заштитата од заразување. Научниците, лекарите, политичарите и погодените на трибините и воркшоповите ќе дебатираат за лекарствата и сознанијата од тестовите и третманите, како и потрагата по вакцина и конечно по начин за целосно лекување на оваа имунолошка болест, од која пред се’ се погодени мажите хомосексуалци, зависниците од дрога и проститутките.

Bildergalerie Geschichte von HIV/AIDS

Вирусот може да се победи?!

Со оглед на финансиските проблеми во светот, во Вашингтон ќе се бараат и патишта како да се финансира борбата против Сидата. „Да се исцрпи потенцијалот нема да биде едноставно“, вели Крис Колис вицепретседател на amfAR, американската фондација за истражување на Сидата. „Неопходни се континуирани инвестиции, во време кога САД и други држави стојат пред големи финансиски предизвици“. Освен ова, во јавноста оваа тема не се гледа како нужна. „Сидата во САД и во меѓународни рамки во голема мерка исчезна од свеста на луѓето“, заклучува Халвир. „Знаме дека е проблем, но во моментов не го добива неопходното внимание, за да може да ги преземеме неопходните мерки“.

За првпат повторно конференција во САД

Südafrika Weltaidstag Aidsschleife und Kondome

Кондоми: се’ уште најсигурна заштита

30 милиони луѓе во светот веќе починаа како последица од сида. 34 милиони во моментов се ХИВ позитивни, од нив во светот се третираат само шест милиони болни. Овој број, појаснува Хавлир, наскоро би можел да биде удвоен.

Девора фон Цинкернагел, координатор на глобалната иницијатива на САД за борба против сидата во Министерството за надворешни работи, ја истакнува соработката со африканските држави: „Еден пример е Јужноафриканската Република, каде владата и цивилното општество многу се ангажираат, бидејќи препознаваат, какво влијание има епидемијата врз нивната земја, но тоа го гледаме и во Намибија и Боцвана“.

Борбата против сидата секогаш е борба против стигмата, борба за човековите права насекаде во светот. За одбележување е што по 22 години, конференцијата, која се одржува секои две години, повторно е во САД. Американскиот претседател Барак Обама во 2009 година ја укина забраната за влез на ХИВ-позитивни во САД. На конференцијата нема да настапи, но затоа ја испраќа министерката за надворешни работи Хилари Клинтон.