1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Нова коалиција во Пакистан

*

Во Пакистан на повидок е формирање обединет опозицонен сојуз против претседателот и шеф на армијата Первез Мушараф. Некогашните ривали, поранешните премиери Беназир Буто и Наваз Шариф, телефонски постигнале договор заеднички да се борат за соборување на Мушараф. Буто во моментов се наоѓа во домашен притвор во Лахоре, а Шариф во егзил во Саудиска Арабија. Во меѓувреме вчера уапсениот опозиционен политичар Имран Кан е обвинет дека иницирал вооружено востание, поради што останува во притвор.