1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Нова климатска епоха на Земјата?

*

Комитетот за климата на ОН, пред два дена награден со годинашната Нобелова награда за мир, ги заострува предупредувањата од последиците на промената на климата. “Велт ам зонтаг” денеска цитира од четвртиот извештај на тоа тело на светската организација, кој е во подготовка, дека Земјата навлегува во нова климатска епоха. Во најлош случај просечната температура до крајот на веков може да порасне за шест степени, се вели во извештајот. Порастот на морското ниво не може да се спречи. Вина за таквиот развој најверојатно носи самиот човек. Но, врз размерите на промената на климата може значително да се влијае со натамошно редуцирање на емисиите на гасови што предизвикуваат затоплување на атмосферата, се вели во извештајот.