1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нова индустриска стратегија на Кина

Кина е најголем извозник на т.н. „ретки руди“ во светот од кои се произведуваат силни магнети. Но, земјата стратешки го намалува извоз на рудите за странските компании да го преселат нивното производство во Кина.

default

Ги носат имињата на големите херои од стриповите: Итриум, Прометиум, Неодиум. Три од вкупно седумнаесет елементи на т.н. „ретка руда“. Со своите неверојатни карактеристики претставуваат незаменлива суровина за многу индустрии на високата технологија. Кина, со удел на пазарот од 95% е доминантен понудувач на овие руди, но постепено го намалува нивниот извоз.

Гуо Јун е научник при универзитетот за наука и технологија на Источна Кина во Шангај. „Ретките руди“ се негова експертска област: „За Кинезите особено значајни се ретките руди. ’Блискиот Исток има нафта, ние имаме ретки руди’, така рече Денг Џиаопинг за овие скапоцености кои од неодамна станаа многу барани како суровински материјали,

China Explosion Gas Kohle Mine

Стапката на извоз на „ретките руди“ беше намалена и покрај високата побарувачка во светот

особено во областа на високата технологија. Одличен пример е Неодиумот кој се користи за производство на екстремно силниот магнет Неодиум-железо-бор. Овој магнет може да издржи 1300 пати потешка тежина од неговата и затоа најчесто се користи онаму каде е потребно силно магнето поле со мал волумен: во компјутерските хард-дискови, во екстремно моќните турбини или во микрофоните и звучниците на модерниот паметен телефон, попознат како смартфон.“

Природните ресурси како стратешки инструмент

Речиси половина од количеството на овие руди во светски рамки се ископува во Баотоу, град со два милиона жители во Монголија. Тука се наоѓа Бајан Обо, најголемиот рудник на светот за ретките руди, а Кина, поседувајќи 95% од вкупниот светски извоз, со години владее на овој пазар. Меѓутоа,

Stahl für China

земјата сега сака да ја смени улогата и да го скуси извозот. Според економистот Ху Џингдоу од пекиншкиот Универзитет за наука и технологија, Кина, со скапоцената руда има важен стратегиски инструмент в рака: „Секако дека е добро што земјата поседува такви ресурси кои можат да се применат како стратегиски инструмент. Тоа значи дека Кина би можела да се одлучи да ја испорачува скапоцената руда само на оние земји кои негуваат добри односи со неа, а останатите да ги исклучи од извозот.“

Во меѓувреме беа затворени доста нелегални рудници; се воведе царина за извозот; претпријатијата кои управуваат со рудниците се соединија во поголеми групации, но пред се`, беше намалена стапката на извоз и покрај високата побарувачка која во последните десет години се зголеми за трипати. Со тоа, цената на Неодиумот во последните осум месеци се зголеми за околу 60%. Генералниот секретар на Европската стопанска комора во Кина, Дирк Моенс, смета дека ваквата постапка на Кина лошо ќе се одрази врз светскиот пазар: „Како последица на тоа, индустриите вон Кина ќе се соочат со енормно високи трошоци при производството и ако сакаат и натаму да бидат активни во браншата, единствено решение за нив би било производството да го преселат во Кина.“

Покрај поголемата добивка од продажбата на суровините, за Пекинг би била особено полезна околност доколку компаниите од сферата на високата технологија се преселат во Кина. И не само тоа: трансферот на ултрамодерната технологијата би бил неизбежен!

Автор: Матијас вон Хајн/ Далибор Стајиќ

Редактор: Александра Трајковска

Поврзана содржина