1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Нова железничка траса меѓу Европа и Азија

Деновиве беше пуштена во употреба нова железничка линија од пристаништето во Антверпен во Белгија до кинескиот град Чонгчинг. На тој начин ќе се добие побрз транспорт на стоки и ќе се избегне царинска бирикратија.

Abfahrbereite Güterzüge stehen am Mittwoch (09.12.2009) im Bahnhof der ostthüringischen Stadt Saalfeld (Kreis Saalfeld-Rudolstadt). Vom angekündigten Stellenabbau bei der Gütersparte der Deutschen Bahn in Sachsen, Sachsen-Anhalt und Thüringen sind nach Angaben des Betriebsrates bis zu 800 Arbeitsplätze betroffen. Das wäre ein Drittel der Stellen, wie der Betriebsratsvorsitzende der DB Schenker Rail für den Bereich Südost am gleichen Tag bestätigte. Zudem sollten Werke in Magdeburg, Dresden, Senftenberg und Saalfeld sowie 21 Güterverkehrsstellen geschlossen werden. Foto: Stefan Thomas dpa/lth.

Со железничката траса ќе се избегне царинската бирократија

Товарниот воз тргнува на пат од пристаништето во Антверпен дури пет пати во неделата. Преку пругата во Германија, Полска, Украина, Русија и Монголија па се` до градот Чонгчинг во централна Кина, тој поминува единаесет илјади километри. Предностите од овој вид транспорт ни стојат на дланка, вели Зинг Су, претставник од службата за развојна помош на Антверпен во Чонгчинг: „Покрај скапиот и брз авионски превоз, како и спориот и поволен бродски транспорт, сега имаме и релативно брза, но ефтина алтернатива. Доколку некој клиент има повисоки побарувања, што се однесува до транспортот, тогаш може да се одлучи за железничкиот транспорт. “

Во проектот, што беше започнат минатата година, учествуваат градовите Антверпен и Чонгчинг, швајцарската фирма Хупац, како и по една руска и кинеска градежна фирма. Трасата проработи на почетоткот од неделава на веќе постоечките шини. Посебното во проектот е тоа што транспортниот воз, и покрај тоа што преминува шест граници, сепак нема да наидува на големи застои поради царинската бирократија. Во проектот белгиската царина направи пионерска работа, вели Марк ван Пел, претседател на пристанишната служба Антверпен:„Сакаме да создадеме т.н. ’зелена траса’, што подразбира царински договори со поединечни земји. Се надеваме дека тоа и ќе го постигнеме до октомври, што значи дека потоа царинската бирократија ќе биде екстремно намалена.“

40 дена се потребни товарен брод да пренесе стока од Кина до Европа

containerschiff; container; kran; kr‰ne; transport; hafen; logistik; transportieren; verladen; boot; verschiffung; hamburg; import; export; transportmittel; h‰fen; boote; wasserfahrzeug; wasserfahrzeuge; frachter; frachtschiff; frachtschiffe; containerschiffe Foto: Angelika Bentin - Fotolia.com

Транспортот на стока со брод од Кина до Европа трае 40 дена

Поради компликуваните царини, патот од Антверпен до Чонгчинг сепак трае 23 дена. Од октомври би требало да се скрати на само 18. Иако на Запад е малку познат, Чонгчинг е еден од најголемите градови на светот. Тој има централна управа и се наоѓа долж реката Јангце. Градот е голем колку Белгија и Холандија заедно и има 30 милиони жители.

Кинеската влада со години вложува во градот, со намера тој да стане важен индустриски и трговски центар во кинеската провинција. Од тоа треба да профитира и релативно неразвиената област во западна Кина. Со изградбата на гигантската акумулациона брана „Три клисури”, градот Чонгчинг има директен излез на источното Kинеско Mоре. Од браната се создаде вештачко езеро со должина од 600 километри, каде можат да пловат прекуокеански бродови се´ до Чонгчинг, кој е оддалечен 1.500 километри од морето.

Транспортот со воз преку евроазискиот континент се одвива дури двапати побрзо

Затоа, железничката линија е важна дополнителна алтернатива за бродскиот сообраќај, вели Зинг Су: „Железничката линија отвора сосема нови можности, кога е во прашање логистиката во Чонгчинг. Нашиот сервис помага да се развие внатрешниот, периферен дел на земјата“, вели Зинг Су. Пристаништето во Антверпен е второ по големина во Европа и е важен крстопат за трговската размена меѓу европските земји, но и за трговијата со американскиот и африканскиот континент.

Автор: Кристоф Рикинг / Бисера Огњановска Митров

Редактор: Жана Ацеска