1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Нова глава во германско-полските односи?

Со посетата на Полска Ангела Меркел сакаше да ги нагласи пријателските билатерални односи и покрај иритациите во минатото

Меркел и Марцинкиевич

Меркел и Марцинкиевич

Полска е втор по големина сосед на Германија и двете земји би морале - и сакаат да се вратат кон соработка во целосна доверба, рече Меркел. „Имавме голема потреба да ја посетиме Полска многу бргу по формирањето на новата влада, зашто сакаме да ги продолжиме и интензивираме пријателските односи. Разговорот со премиерот ми даде повод да речам дека тие односи ќе ги надградуваме со ориентација кон иднината и во интерес на нашите два народа“.

Премиерот на Полска Кажимјерж Марцинкиевич претходно исто така ја истакна неопходноста од отворање нова глава во билатералната соработка - мора да започне заедничка иднина, но со вистината за минатото, рече тој. Ова укажува дека во разговорите како премиерот, исто така и идниот претседател Лех Качински, го потегнале прашањето за спорниот проект за Нацинален центар за протераните во Берлин и можните германски барања спрема Полска за реституција на правата на протераните Германци.

Марцинкиевич се осврна и на прашањето за наводното силно антигерманско расположение во Полска: „Јас не забележав антигерманско расположение. Тоа што има тешки работи за кои треба да се разговара во духот на дијалог, не значи и дека во Полска има било какво антигерманско расположение“.

Позициите биле приближени п прашањето за полско учество во германско-рускиот гасовод кај Балтикот. Меркел ја покани Полска да учествува во проектот. Полска доби германска поддршка и во покерот околу идните финансии на ЕУ – со 26 милијарди евра во иднина таа треба да биде најголем нето-примател на средства од Унијата. „Според се“ што слушнав, британското пртетседателство в понеделник ќе поднесе предлог. Ние сега немаме конкретни елементи. Кога ќе ги видиме предлозите, ќе можеме уште еднаш да контактираме и да се советуваме на кое место можеме да заземеме заеднички позиции“ – рече Меркел во Варшава.