1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нова германска инвестиција во Велес

Германската компанија „Марквард Гмбх”, познат добавувач во автомобилската индустрија, влегува на македонскиот пазар. Планирано е да бидат вработени над 500 луѓе.

Германската компанија „Marquardt GmbH” инвестира 35 милиони евра во изградба на погон за производство на делови за врвните германски брендови како „Mерцедес“, „Aуди“ и „БМВ“. Планирано е да бидат вработени над 500 луѓе. Погонот ќе биде сместен во Велес на површина од околу 15.000 метри квадратни, а изградбата се очекува да почне во март 2014. година. Фабриката ќе започне со производство во првиот квартал на 2015. година. Договорот за новата инвестиција беше потпишан денеска во Владата на Република Македонија во присуство на премиерот Никола Груевски.