1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Нова генетски модификувана пченка стигнува во Европа?

ЕУ наскоро би можела да дозволи сеење на генетски модификувана пченка - ако за тоа се согласат владите на земјите-членки. На одлуката на Европската комисија и‘ претходеше долгогодишен спор со една американска компанија

Европската комисија минатата недела им предложи на земјите-членки да дозволат одгледување на нов вид на генетски модификувана пченка. Дозволата да се сее т.н. „пченка 1507“ би требала да се даде уште оваа година, ако мнозинството влади од земјите-членки на ЕУ не го отфрли предлогот на Комисијата.

Тој вид на пченка е произведен од американската компанија „Пајониер ДуПонт“, која до Европската комисија испрати барање за дозвола за одгледување на оваа пченка уште во 2001 година. Комисијата ова барање го префрлаше од еден во друг одбор, не носејќи одлука, по што „ДуПонт“ поднесе жалба. Генералниот суд, вториот европски највисок суд, пресуди дека Комисијата го кршела европското право така што ја одложувала одлуката за пченката отпорна на инсекти.

Пченка со повеќе таленти

Bildergalerie Anuga Lebensmittelmesse 2013 Warenangebot in Deutschland

На нивите не се садат модификувани растенија, но во продавниците се продава генетски модификувана храна од увоз

„Пченката 1507“ не е отпорна само на инсекти, туку таа произведува и пестицид, кој е отров за другите растенија, а таа е отпорна и на интензивен третман со пестицидот „глуфосинат амониум“. Портпаролот на компанијата „ДуПонт“, Џозеф Мејт, во генетски мидификуваната пченка гледа клуч за побогата жетва.

„Нашиот производ е решение за земјите во кои инсектите претставуваат голем проблем за земјоделците, како на пример во Шпанија“, вели Мејт во разговорот за Дојче веле. „Земјоделците можат да имаат тешки загуби. Има ниви на кои 100 проценти од родот е уништен од инсекти“, објаснува Мејт.

Освен тоа, генетски модификуваната пченка зад себе веќе има поминато седум контроли на Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА), вели Мејт. „Сите тестови се позитивни и потврдуваат дека тој производ е сигурен и не претставува проблем за човекот, животните и околината“, додава тој.

Гринпис – нема консензус на научниците

Организацијата за заштита на околината Гринпис смета дека тестовите на ЕФСА се „болно несоодветни“ и му префрла на тимот експерти дека не ги препознал непознатите работи во податоците. Марко Контиеро, експерт на Гринпис за земјоделството во ЕУ, за Дојче веле вели дека меѓу научниците се’ уште не постои согласност за безбедноста на генетски модификуваната храна.

„Таа технологија може да има ненамерни и непредвидливи последици“, вели Контиеро. „Тоа е недовршена техника. Ние знаеме како се инјектираат до четири гени во структурата на некоја билка, но не знаеме како тоа влијае на хромозомската структура“, нагласува експертот од Гринпис.

Monsanto Demonstration ANTI Gen-Soya USA

Протести против генетски модификуваната пченка се одржуваат низ цел свет

Контиеро вели дека со генетската манипулација можат да се развијат делови од ДНК кои немаат јасно, познато значење. Нема доволно информации како тие делови во хромозомската структура, наречени и ДНК-отпад, влијаат врз растенијата и луѓето кои ги јадат, предупредува Кнтиеро. „Ние многу малку знаеме за можните последици“, вели тој. „Се’ уште нема ниту едно истражување за влијанието на генетски манипулираната храна врз човекот – ниту краткорочно, ниту среднорочно, ниту долгорочно“, нагласува експертот од Гринпис.

Не се согласуваат ниту земјоделците

Во Франција, Австрија и Полска остро ја отфрлаат „пченката 1507“. Во Велика Британија, Шпанија и Шведска, пак, има се’ повеќе заговорници. Според едно истражување на списанието „Фармерс Викли“, 60 проценти од британските земјоделци би одгледувале генетски модификувани растенија, кога тоа би било легално.

„Генетски модификуваните житарици во моментов минуваат низ повеќе сигурносни контроли отколку сите други видови на житарки“, вели Сијан Дејвис од британската Национална унија на фармери во разговор за Дојче веле. „Ако земјоделците во Шпанија или Португалија сакаат нешто да одгледуваат, тогаш генетската техника е нивното најдобро решение“, додава тој.

Портпаролот на „ДуПонт“, пак, додава дека храната од генетски модификувани растенија, кои се забранети на европските полиња, се увезува од странство. „Тоа не е ниту конкурентно, ниту логично, ниту рационално“, вели Мејт.

Владите на земјите-членки на ЕУ во декември ќе гласаат за предлогот на Комисијата во врска со генетски модификуваната пченка.