1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Нова генерација муслимани

Верските заедници на муслиманите во Берлин имаат различни врски со општините и различен степен на поврзаност со нив. Освен молитви, тие организираат и курсеви по германски јазик и културни манифестации.

default

Молитва во берлинска џамија

Во Берлин со неговите три ипол милиони жители, според проценките, живеат околу 120 илјади луѓе со муслиманска вера. Најголемиот дел од нив имаат турско, арапско или босанско потекло. Покрај петте репрезентативни џамии, муслиманите во Берлин можат да се молат и во околу 80 објекти во задниот дел на згради, во гаражи или во стари фабрички хали. Таму тие не се среќаваат само за молитва, туку и на курсеви по германски јазик и културни манифестации. Верските заедници на муслиманите имаат различни врски со општините и различен степен на поврзаност со нив.

Важен интегративен фактор

Поголема транспарентност, силен општествено-политички ангажман во околината, позасилено значење на германскиот јазик во секојдневието- ова е развоен тренд во берлинските верски заедници на муслиманите, со што тие станаа важен, интегративен политички актер.

Најголемиот дел од муслиманските верски заедници во Берлин се од турски муслимани, само десет се арапски, а кон нив доаѓаат и неколку на помалите групи, како Алевити, Бошњаци и африкански муслимани.

Haci Bayram Moschee in Berlin

Хаџи Бајрам џамијата во Берлин

Понудата на верските заедници на муслиманите последниве години е многу изменета. Во меѓувреме порасна нова генерација берлински муслимани, образовани и социјализирани. Расте улогата на германскиот јазик во овие заедници, зачестено на него се вршат или се преведуваат и петочните молитви во џамиите.

Многу муслимански верски заедници соработуваат во проекти и иницијативи на општините, на училиштата, пред се‘ во областа на воспитувањето и образованитео. Тоа се однесува на пример и на Хаџи Бајрам џамијата, една од најстарите муслимански верски заедници во Берлин, класична „џамија во заден дел на дворот“. Таа е основана од првата генерација турски гастарбајтери, како што раскажува Селчук Сајдам, кој е задолжен за односи со јавноста. За него е важно пред се‘:

„Тоа што членовите на заедницата станаа домашни овде во квартот Вединг во Берлин. Тие стигнаа во средиштето на општеството, станаа дел од Германија.“

Градење меѓусебна доверба

Според зборовите на берлинскиот ополномоштеник за интеграција, Гинтер Пининг, соработката меѓу религиозните институции и општинските органи води кон градење меѓусебна доверба. Тоа е особено успешно во Солдинер Киц, во квартот Вединг.

„Овде имаме работа со активни муслимански верски заедници, кои преземаат одговорност, кои се транспарентни“, вели Пининг.

Наместо изолирање на исламот, важно е тој да биде признат како рамноправна религија, нагласува берлинскиот ополномоштеник за интеграција.

Но, и покрај тоа постои и антиисламско расположение.

Тоа особено е видливо по забраната на градењето минариња на референдумот во Швајцарија, вели Пинар Четин, член на управата на Турско исламската унија на Заводот за религија, ДИТИБ од Келн:

„Имам чувство дека постои се‘ повеќе непријателство кон исламот, но се надевам тоа да се смени. Ние вложуваме голем труд за да покажеме дека во џамиите во најголем дел доаѓаат обични луѓе, кои сакаат да ја практикуваат својата вера.“

Босанските муслимани се навикнати на соживот

DEU GASTARBEITER INTEGRATION Muslime in einer Moschee in Kreuzberg p178

Во Германија во 1989 година, со распадот на поранешна Југославија, стигнаа и многу босански бегалци, мнозинството муслимани. Секоја недела околу 300 до 500 од нив се среќаваат во Исламскиот културен центар на Бошњаците во населбата Кројцберг во Берлин, вели Мехо Трављанин, кој е ангажиран во оваа установа. Тој самиот дошол како дете со својата мајка и братот и сестрата, сега се обидува, како што вели:

„Да им го приближам исламот на луѓето, онаков како што е-отворен, прилагоден на животот. Ние во БиХ научивме секогаш да живееме заедно покрај некоја црква, дали е тоа православна или католичка. Тоа значи-толеранција, заедничкиот соживот не им е туѓ на босанските муслимани.“

Во Културниот исламски центар во Берлин се среќаваат пред се‘ младите босански муслимани. Тука добиваат дополнителни часови оние чии родители не го знаат добро германскиот јазик. Трављанин гордо истакнува дека во меѓувреме 50 до 60 проценти од босанските млади луѓе во Германија се студенти.

Автор:Забине Рипегер / Жана Ацеска

Редактор: Трајче Тосев