1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Нова влада на Србија

Парламентот на Србија денеска ќе ја продолжи седницата на која до полоќ, кога изминува уставниот рок, треба да биде избрана новата влада. Претходно пратениците треба да расправаат за предлог-законот за министерствата со кој се утврдува структурата на идната влада, на што се поднесени околу 90 амандмани. По усвојувањето на законот, се очекува попладне, програмата и составот на новата влада да ги изложи кандидатот за премиер Воислав Коштуница. За изборот на новата влада се потребни најмалку 126 гласа на пратениците. За парламентот да биде до крај конституиран, пратениците треба да изберат и нов претседател на законодавниот дом, по оставката на Томислав Николиќ на таа функција.