1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Нова видео порака на Бин Ладен

На неколку дена пред претседателските избори во САД, топ терористот Осама Бин Ладен повторно се јави за збор.

Осама Бин Ладен

Осама Бин Ладен

По една година молк, Бин Ладен на новата видео снимка емитувана на арапската телевизија, Ал Џазира му се обраќа на американскиот народ. ”Безбедноста не лежи во рацете на Кери или Буш или Ал Каеда. Вашата безбедност лежи во вашите раце”, вели Бин Ладен на снимката која според американските власти е автентична. Шефот на Ал Каеда тврди дека нападите од 11 септември 2001 година биле реакција на произраелската политика на Американците. Идејата за уривање на Светскиот трговски центар се родила во 1982 година, кога Израел за време на инвазијата на Либан ги уништил високите згради во Бејрут. Бин Ладен укажува дека американската влада реагирала побавно на нападите од 11 септември отколку што тоа го очекувале киднаперите на авионите. На крајот, според него, американскиот претседател Буш го довел американскиот народ во заблуда. Осама Бин Ладен на емитуваната снимка се заканува индиректно со нови напади. Агенцијата Асошиетед Прес, повикувајќи се на изјави на висок службеник во американската администрација, јави дека американското министрство за надворешни работи се обидело да го спречи емитувањето на снимката. Прикажани се околу седум од вкупно 18 минути. Ал Џазира не даде информација за другиот дел од содржината на пораката.

И покрај видео снимката, Белата куќа нема намера да го зголеми степенот на безбедност во земјата. За време на еден предизборен настап, американскиот претседател Буш изјави дека Американците нема да бидат заплашувани од заканите на терористи. Тој е сигурен дека битката против меѓународниот тероризам ќе биде добиена. Неговиот предизвикувач, Кери, го обвини претседателот дека потфрлил во борбата против Ал Каеда, со оглед на тоа што Бин Ладен е сеште слободен.