1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нова видео порака на Ал Каеда

На викендов се појави видео порака на вториот човек на целата теростичка мрежа на Ал Каеда Ајман ел Завахири.

Ајман ел Завахири на една видео порака

Ајман ел Завахири на една видео порака

Во пораката што е објавена на интернет тој се обрача на американскиот народи општо на граѓаните на западните земји, повикувајќи ги да конвертираат во ислам. Во 41-минутната порака освен тоа се појавува и 28-годишниот американски граѓанин Адам Јехије Гадан, кој и‘ се приклучил на терористичката организација.

„Ги повикуваме сите Американци и други неверници да минат во исламот, се едно каде и да се и каква улога играат во светскиот поредок на Буш и Блер„ – порачува на видео снимката Американецот Адам Јехије Гадан. Освен тоа тој додава:

„Секој кој ги почитува пораките на лидерите на џихадот, како шеихот Осама бин Ладен и шеихот Ајман ел Завахири, нека ги чува Господ.„

Американската полицијата ЕфБиАј трага по Гадан поради закана за терористички напади.

Колку е сериозна заканата што доаѓа од него, тоа е спорно. Но она што е сигурно, тоа е дека американските граѓани се плашат од нови атентати. Дури една третина од нив сметаат дека ќе има нови напади, а 43% дури стравуваат оти тие лично ќе станат жртви на атентат. Според анкетата што ја спроведе новинската агенција Асошијејтед прес, најмногу загрозени се чувствуваат граѓаните на главниот град Вашингтон, дури 61%. На второ место со Њујорчани со 54 проценти.