1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нова битка меѓу Качински и Коморовски

По првиот круг од претседателски избори во Полска, во предност е Бронислав Коморовски од Проевропската граѓанска платформа со освоени 41,2% гласови, пред конзервативецот Јарослав Качински, за кого гласаа 36,7%.

default

Бронислав Коморовски

Аплаузот не беше наменет на идниот полски претседател, туку само на победникот на првиот круг од претседателските избори, но досегашниот претседател на парламентот, Бронислав Коморовски од Проевропската граѓанска платформа, од приврзениците побара трпение и сила:

„Како секогаш во животот, исто како и во фудбалот и во секој друг спорт, најтешко е продолжението. Но, треба да бидеме свесни за ова и да ги мобилизираме сите сили за финалето на 4 јули.“

Победата на Коморовски не е сигурна

Во вториот круг 58-годишниот Коморовски влегува како фаворит, но победата не му е сигурна. Ако Јарослав

Präsidentschaftswahl in Polen 2010 Jaroslaw Kaczynski

Јарослав Качински - ќе ги убеди ли гласачите дека станал нов човек?

Качински успее да ги убеди гласачите дека по смртта на неговиот брат, Лех Качински, станал нов човек, покроток и поподготвен на компромиси, може да му ја помати сметката на противкандидатот. Тој настапи помирливо и воздржано на изборниот собир на својата партија „Право и правда“:

„Им благодарам на сите кои размислуваат за иднината на земјата во овие тешки времиња, зашто ова не е нормален избор, туку последица на една катастрофа, на голема несреќа и трагедија. Во вториот изборен круг ќе треба да се избира меѓу две политички визии и две визии за Полска“, изјави Качински.

Одзивот во вториот круг ќе биде помал?

Од останатите осум претседателски кандидати само Грегорж Напиералски, шеф на Демократската лева алијанса има двоцифрен резултат. И Коморовски и Качински му упатија многу пофалби, секако во надеж дека за следниот круг од претседателските избори ќе препорача некого од нив на своите приврзаници.

Излезноста на гласањето беше 52,3 проценти, отприлика колку и што се очекуваше. Во следниот круг веројатно ќе биде многу помала, зашто во јули започнуваат одморите, а тоа за многу семејства и млади луѓе значи патување на југ.

Автор: Лудгер Кажмирчак / Жана Ацеска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска