1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нова афера во Атина - претседателот на парламентот под истрага

Бирото на претседателот на грчкиот парламент Евангелос Меимаракис потврди - поради обвинувањата за корупција, тој привремено ја замрзнува функцијата до завршување на истрагата.

Претседателот на грчкиот парламент Евангелос Меимаракис привремено ја замрзна својата функција поради обвинувања за корупција. Тој најави дека ќе именува заменици кои за време на отсуството ќе ја извршуваат работата и делумно ќе го претставуваат додека да биде готов извештајот од истрагата.

Evangelos Meimarakis

Претседателот на грчкиот парламент Евангелос Меимаракис

Атинскиот весник „Риел њус“ го обвинува политичарот на конзервативната партија Нова демократија на премиерот Андонис Самарас за перење пари. Според весникот, Меимаракис, екс-министерот за одбрана, во периодот од 2005-та до 2008-ма година заедно со двајца поранешни министри од владејачката Нова демократија, испрал повеќе милијарди евра нелегални пари со купување недбижен имот. Во зделките учествувале и други грчки политичари. Осомничените поранешни министри ги отфрлија обвинувањата.

Грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас минатата недела соопшти дека службите вршат испитување на зделките и даночните пријави на 32 политичари, општествени претставници и високи државни службеници. На Грција и во странство често и‘ се префрлува за висока корупција во земјата.

Поврзана содржина