1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нова американска стратегија за јужна Азија

Американскиот претседател Барак Обама денеска се среќава со претседателите на Пакистан Асиф Ал Зардари и на Авганистан Хамид Карзаи. Вашингтон најавува нова политика и ќе побара поддршка од Пакистан и Авганистан.

default

Тројна средба во Вашингтон

Уште како американски сенатор и кандидат за претседател, Барак Обама ја критикуваше тогашната стратегија на САД за Јужна Азија. Војната во Ирак ќе ги ограничи ресурсите и ќе го сврти фокусот од фактичкиот проблем: зајакнувањето на терористичката Ал Каеда. И Талибанците, за кои САД тврдеа дека ги поразиле, ја искористија грешката на Америка, за одново да се организираат во Авганистан и Пакистан.

USA Bildgalerie 100 Tage Barack Obama Irak

Претседателот на САД Барак Обама

Токму затоа, во првите месеци од своето претседателствување Барак Обама нареди повлекување на трупите од Ирак, испрати повеќе војници во Авганистан и погледот посебно го насочи кон Пакистан. Екстремисти се инфилтрираат од Пакистан во Авганистан, а авганистанските востаници придонесуваат за нестабилност на Пакистан. Новата американска стратегија за регионот на јужна Азија ги зема предвид овие релации и има јасна цел, за која американскиот државен секретар Хилари Клинтон зборуваше пред комисијата за надворешни работи на Конгресот: „Терористичката Ал Каеда мора да се подели, растури и порази, и да се спречи нејзините членови, без да сносат какви било последици, да се повлечат во други делови на Авганистан и Пакистан.“

Вниманието на експертите, пред се‘, е концентрирано врз Пакистан

Neue Militäroffensive gegen Taliban in Pakistan

Воена офанзица против Талибанците во Пакистан

Џон Нејџл, претседател на Центарот за нова американска безбедност, на состанок на Советот за надворешни односи објасни: „Во Авганистан е тешко, но ние знаеме што треба таму да правиме и имаме доволно простор за маневрирање. Во Пакистан е битно потешко. Мора да оперираме во земја која е горда и суверена. Пакистан има етаблирани структури, но тие не се подобни за да им се спротивстават на заканите со кои во моментов е соочен Пакистан.“

Пакистанската војска, според Нејџл, е во состојба да ги избрка противниците од својата територија, но војниците не можат да ја задржат територијата и таму да изградат сигурна инфраструктура. Во борбата против бунтовниците, меѓутоа, се потребни сите тие три способности. „Мораме да ја оспособиме пакистанската армија успешно да се справува со бунтовниците. Тоа е еден процес на учење кој американската армија мораше да го спроведува во изминатите години и со кој сега се соочува пакистанската војска“, објаснува Нејџел.

Вината секогаш се бара кај некој однадвор

Оваа недоволна способност е причината поради која пакистанската власт настапува помирливо во однос на Талибанците, вели Лиза Картис од фондацијата „Херитиџ“. Така дојде и до пактот потпишан во долината на Сват, со кој на Талибанците им беше дозволено воведување на исламското право - Шарија, во замена за мир. Друг проблем, според Картис, е оценката на пакистанската влада дека најголемата закана доаѓа од Индија.

„Тоа би го опишала како бункерски менталитет. Пакистанската влада е опколена со многу проблеми: постојаните самоубиствени напади во последните две години се доказ за тоа. Но, постои тенденцијата вината секогаш да се бара кај други однадвор, кај Индија или САД, наместо да се сврти погледот кон себе и да се види што може да се направи во сопствената земја. Тоа го сметам за голема пречка која мора да се отстрани.“, вели таа.

Американскиот претседател Барак Обама, на прес конференцијата која ја одржа минатата недела, рече дека е загрижен за ситуацијата во Пакистан и за тамошната влада. Причина за стравот е слабоста на цивилната влада.

„Не дека се плашам дека тие веднаш ќе бидат поразени и дека Талибанците ќе ја преземат власта во Пакистан, туку дека тамошната цивилна влада е се’ уште мошне кревка и се чини не е во состојба да ги обезбеди основните услужни дејности: училишта, здравствена заштита, владеење на правото и правен систем кој ќе функционира за мнозинството луѓе.“, рече Обама. „Треба да ги убедиме Пакистанците дека остануваме на нивна страна.“

Ситуацијата во Пакистан е отежната и со арсеналот на атомско оружје, фактор кој американската влада официјално го минимизира. „Убеден сум дека нуклеарниот арсенал на Пакистан нема да падне во рацете на бунтовниците“, вели Обама.

САД во мисија да ги убеди сојузниците

Роналд И. Нојман, претседателот на Американската академија за дипломатија, објаснува дека од клучно значење за дијалогот со пакистанската влада и пакистанското население е да се убедат Пакистанците дека имаат поддршка од САД. „Треба да ги убедиме Пакистанците дека остануваме на нивна страна. Тие страхуваат, исто како и Авганистанците, дека ќе бидат оставени на цедило“, вели тој.

Karte Grenzregion Pakistan Afghanistan - Paschtu und Dari

Пограничниот регион на Пакистан и Авганистан

Разговорите што ќе ги има американскиот претседател со неговите колеги од Пакистан и Авганистан оваа недела, ќе се концентрираат на тоа Обама да ги убеди Асиф Али Зардари и Хамид Каркази дека САД се расположени воено, дипломатски и економски да застанат на нивна страна. Од друга страна, претседателот Обама ќе бара противуслуги и поднесување отчет за веќе дадената помош. Тој јасно ќе стави на знаење дека САД ќе продолжат со ракетни напади против цели на територијата на Пакистан, доколку со тоа можат да се уништат екстремисти, се’ додека Пакистанците не се подготвени или да не се во состојба тоа да го сторат.

На американската влада и‘ е јасно дека новите мерки нема да можат да се применат прекуноќ. Според Роберт Џибс, портпарол на Белата куќа во понеделник, средбата ќе послужи за да се воспостави комуникацијата меѓу сите вклучени страни. „Ова е почеток на подолг процес за да ја координираме нашата стратегија“, заклучи тој.

Автор: Кристина Бергман / Ана Алибегова

Редактор: Александра Трајковска