1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

„Новајлијата“ Хрватска во клинч со ЕУ

Неполни два месеца е Хрватска во ЕУ, а веќе го крши европскиот закон, спречувајќи ја екстрадицијата на Перковиќ, пишуваат германските весници.

Со необично остар тон, владата во Загреб ја отфрли заканата на Европската комисија, според која би можела да биде укината паричната помош од европските фондови, доколку не се укине временското ограничување, кое се однесува на екстрадиција на хрватски граѓани во некои од земјите на Европската унија, во која направиле кривично дело. Имено, Хрватска воведе одредба според која само граѓаните кои се обвинети за направено кривично дело по 2002 година можат да бидат екстрадирани во некои од земјите на ЕУ, во која го направиле криминалот.

Весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ за тоа пишува: „Крајно е непримерно, како што се вели во писмото на хрватскиот министер за правда, што службениците на ЕУ се осудуваат да ја критикуваат Хрватска со погрешни и неосновани тврдења. Неколку дена пред зачленување во ЕУ, хрватскиот парламент донесе закон според кој не може да се испорачуваат нејзини граѓани кои направиле кривични дела до 7 август 2002 година.

Со оглед на тоа дека повеќекратните преговори на таа тема во Брисел не вродија со плод и со оглед дека разговорите во Брисел кои ги бараше Загреб, немаа резултат, комесарката за правда Вивиен Рединг и‘ даде на Хрватска рок до 23 август да одговори кои мерки ги презема, за осомничените хрватски граѓани без никакви временски ограничувања да смеат да се екстрадираат во земјите членки на ЕУ, доколку таму го направиле кривичното дело и доколку земјите ги бараат. Кога рокот пројде, а Хрватска сметаше дека не е неопходно да и‘ одговори на комесарката, Рединг најави дека наредната недела ќе и‘ предложи на Европската комисија да разгледа воведување на санкции за Хрватска по членот 39.

Jose Manuel Barroso mit Zoran Milanovic, kroatischer Prämierminister

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ не сметаше дека е неопходно да и одговори на комесарката Рединг

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ прво проба сѐ да претстави како личен проблем на комесарката Рединг, кој не е од никакво важно значење за ЕУ. За време на средбата со словенечкиот премиер Братушек и австрискиот канцелар Вернер Фајман, Милановиќ се пожали дека Хрватска за разлика од земјите кои пред 2004 пристапија кон ЕУ, немала можност да ја дефинира временската важност на законот за меѓународни потерници. Загреб не ја актуелизираше оваа тема за време на преговорите за членство, што наведе на помислата дека не сака проблеми со Германија и Бундестагот кој требал да го прифати зачленувањето на Хрватска. Портпаролката на европската комесарка Мина Андреева ја објасни желбата на Загреб да заштити некои луѓе, кои во комунистичкиот режим направиле криминал, што посебно ја налути Владата во Загреб.

Но хрватските медиуми одамна пишуваат за случајот Перковиќ. Јосип Перковиќ, кој за време на Титовата Југославија беше шеф на Одделението за спречување на непријателски емиграции, во Германија е обвинет за убиство на Хрватот Стјепан Дурековиќ, обвинение за кое во Хрватска не одговараше.

Војна со зборови

Војната со зборови која се распламти во Загреб, потсетува на вербалните напади на грчките, романските и бугарските политичари, кога се откриваа нивните интриги. Но сега, а тоа се забележува за првпат помеѓу односите на ЕУ и земјите од Балканот, една земја членка го крши европското право за да заштити (осомничен за убиство) наводен убиец“, пишува ФАЦ.

Filmstill Josip Perkovic

Јосип Перковиќ, во Германија е обвинет за убиство на Хрватот Стјепан Дурековиќ

Во посебен коментар на оваа тема „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ забележува:

„Хрватска не е ни осум недели во ЕУ, а нејзината Влада веќе го крши заедничкиот закон, обидувајќи се да ја спречи екстрадицијата на осомничениот за убиство. Политичките реалисти, како што е пратеникот на ЦДУ, Крихбаум, кои предупредуваа дека игрите кои ги водеа Грција, Романија и Бугарија ќе продолжат и на западен Балкан, со ова добија потврда за своите ставови. Премиерот Милановиќ се однесува така како што никогаш не би помислиле коректните политичари, кои не знаат што се случува таму. Но тоа што најмногу загрижува е мотивот за едно такво однесување. Излегува дека шефот на тајната служба, Јосип Перковиќ, кој во Германија го бараат за убиство е недопирлив. Фактот дека Милановиќ поради него толерира конфликт со ЕУ, кажува се‘ за влијанието и моќта на окултните, паралелни структури во Хрватска“, пишува ФАЦ.

Сите очи свртени кон Обама

Германските весници денеска (28.08.2013) во бројните коментари се занимаваат со можната воена интервенција во Сирија. „Оснабрикер цајтунг“ пишува:

„Во никој случај американскиот претседател Обама не сака да се вовлече во непрегледен конфликт и во никој случај не сака да објаснува на своите граѓани дека САД влезе во уште една неизвесна војна. Обама знае дека воениот удар врз Сирија не е популарен помеѓу Американците но знае и дека ќе го изгуби образот ако се повлече и не направи ништо по заканите со пречекорувањето на црвената линија“.

Symbolbild Syrien Bürgerkrieg Krieg Gasmaske Giftgaseinsatz

Се` уште не е јасно потврдено дали нападот со хемиско оружје е извршен од војската на Асад

„Бадише цајтунг“ додава дека многу зависи од тоа, како американската влада ќе ги поткрепи тврдењата за неоспорната одговорност на режимот на Асад за нападот со хемиско оружје. Доколку се покаже дека е така, тогаш „раскинувањето со цивилизацијата“ не може да се прифати. Но досега за тоа нема потврда“.

„Зидојче цајтунг“ се осврнува на очекувањата од Германија: „САД очекуваат поддршка од германската политика. Што се однесува на конкренти разработки на планови, на тоа подготвено чекаа партнерите во Лондон и Париз. Грубо претерување би било да се зборува за реакција од 'Западот' на нападот со хемиско оружје во околината на Дамаск. Таков 'Запад' нема, Запад кој би претставувал воен сојуз што заеднички би делувал. Најголемите западни сојузи НАТО и ЕУ не се вмешани во одлуките кои се носат деновиве“.