1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Новата година дочекана на плоштадите на светските метрополи

Во Берлин се собраа околу 1 милион лица. Под зголемени мерки на безбедност поради заканите со терористички напади во Хамбург, Берлинчани и нивните гости сепак весело, со танц, многу музика и огномет ја поздравија Новата година. Инциденти немаше, а пожарникарите овој пат 100 пати повеќе мораа да ги спасуваат домовите од помали пожари предизвикани од ракети и петарди отколку минатата година. На Шанзелизе се собраа полвина милион лица, кои со многу петарди и ракети, како и со шампањско ја минаа најлудата ноќ. Меѓу Парижаните овој пат се вмешаа и многубројни гости од САД и од Јапонија. За нивната сигурност се грижеа дури 4.500 полицајци. На традиционалното одбројување спроти преминот во Новата година на Њујоршкиот Тајмс сквер годинава имаше нејверјатно големи мерки на безбедност. Точно на полноќ градоначалникот Мајкл Блумберг даде знак за спуштање на 500 килограми тешката блескава кристална кугла над главите на насобраниот народ. Над славјето на околу 750те илјади граѓани на Њујорк овој пат бдееа илјадници полицајци, снајперисти и посади на хеликоптери. Во Белград најмалку 100.000 лица ја дочекаа Новата година под ведро небо на централните плоштади. На Плоштадот на Републиката за доброто расположение се грижеше Бајага со неговите инструктори, на Теразије доминираше групата "Партибрејкерс", додека бината резервирана за љубителите на техно-звуците беше сместена на плоштадот Славија. Таму како диск-џокеи се појавија и Михаел Бем од Берлин и Бјерн Хорнеман од Бремен. Утринава Белграѓани според најавите ќе можат да уживаат во бесплатно топло пециво, чај, кафе и топло вино во "Улицата на отвореното срце". Десетици илјади млади на Црна Гора ја дочекаа Новата година исто на улиците и плоштадите во Подгорица, Бјело Поље, Будва и Котор. На сите места прославата беше бесплатна, освен во Будва, каде се плаќаше влезница за забавата на централниот плоштад. Причина за оваа непопуларна мерка беше хонорарот за фолк пеачката Цеца Ражњатовиќ. На гости во Подгорица беа петар Грашо и групата Колонија, а на полноќ граѓаните ги дочека голем огномет, како што и прилега за главниот град. Загрепчани се простија од Старата година со полноќен огномет и со звуците на валцер на главниот плоштад на Бан Јелачиќ. Претходно за забава на околу 70-те илјади граѓани на главниот град и нивните гости од внатрешноста се погрижија повеќе домашни естрадни sвезди. На насобраниот народ Новата година прва им ја честита градоначалничката на Загреб, Власта Павиќ.