1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Новата германска влада: Рецепт за застој

Германија во моментов е мотор на европската економија. Извозот, пазарот на трудот и даночните приходи се добро избалансирани. Но, Хенрик Беме се сомнева дека тоа може да продолжи и со новата влада

default

Хенрик Беме

Неделава Германија повторно ќе добие функционална влада. Беше крајно време, затоа што задачите кои стојат пред големата коалиција се енормни. Но околностите во моментов се поволни. Германската економија е единствената во Европа која без проблеми ја мина финансиската криза. Извозот оди добро, пазарот на трудот се развива и натаму, а приходите од даноците се прелеваат.

Многумина имаат заслуги за овој успех. Мудрите претприемачи, флексибилните синдикати, и не помалку, владата во заминување на ЦДУ/ЦСУ и либералната ФДП.

Но, погледот врз договорот за големата коалиција, во кој ЦДУ и СПД ги дефинираа целите за следните четири години, треба да предизвика сериозна загриженост дека напредокот на Германија би можел да дојде до застој. Тој договор повеќе делува како рецепт за стагнација, отколку за развој. Нема ниту еден сигнал дека Германија е подготвена да се спротивстави на конкуренцијата од азиските земји во однос на технолошкиот развој. Напросто, сѐ е тоа па тоа.

„Суперминистер“ не е доволен

Четири клучни поими го апострофираат проблемот: демографски промени, инфраструктура, образование и енергетска транзиција. Транзицијата кој обновливата енергија треба да се добро нешто, но стана вистинска збрка. Сега еден „супер министер“ треба да ги исправи грешките, имено Зигмар Габриел, првиот човек на СПД, и нов министер за економија и енергетска политика.

Неразбирливо е што е супер во тоа? Дали министерот за економија, со неговата традиционална блискост до индустријата, одеднаш ќе стане бедем на алтернативната енергија кој може да ги премисли производителите на

Große Koalition CDU und SPD einigen sich 27. Nov. 2013 Koalitionsvertrag

Тројцата лидери во големата коалиција, Габриел, Меркел и Зехофер

енергија? Нештата можат да станат уште покомплицирани следната недела доколку ЕУ одлучи да поднесе тужба против Германија поради сомнежите дека нејзиното финансирање на зелената енергија е анти-конкурентно. Новата коалиција ќе треба да се движи низ минско поле уште од самиот старт.

Состојбата е слична и со другите проблематични сфери. На германската инфраструктура и се потребни големи инвестиции. Новата влада е расположена да излезе во пресрет, но финансиите што планира да ги понуди се далеку од она што е потребно за подготвување на патиштата, железницата и дигиталните мрежи, за иднината.

Што се однесува до демографските промени, потребна е итна акција за да се минимизира предвидливата загуба од милиони работници. Но што прави новата влада во Берлин на тоа поле? Тие планираат да поделат бенефиции кои ќе го чинат буџетот милијарди, како што е целосната пензија на возраст од 63 години. Напредокот изгледа поинаку.

Не можам да се ослободам од впечатокот дека големата коалиција нема да успее да ја придвижи Германија нанапред. Во прашање е и голема недоверба. Особено во СПД каде веќе гледаат кон 2017. година, кога треба да се бира новата влада. Многу нешта ќе треба да се променат за конечната оценка да не биде: Ова беа четири загубени години за Германија.