1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нобеловците и рекордите

Колку пати Нобеловата награда им била доделена на починати научници? На кои истражувачи им било забрането да ја примат наградата? Која нација досега има добиено најмногу награди? Еве ги рекордите поврзани со Нобеловците.

Алфред Нобел во својот тестамент побара неговите пари да се вложат во основање една фондација. Неговите роднини беа ужаснати и се обидоа да го оспорат тестаментот. Дури во 1901 година, пет години по смртта на Нобел, доделена е првата Нобелова награда, Оттогаш се случија многу работи...

Нобелова награда за мртов добитник

Само живи луѓе смеат да бидат предложени за Нобеловата награда. Сепак, добитникот на Нобеловата награда за мир Даг Хамарскјелд (1961) и добитникот на Нобеловата награда за литература Ерик Аксел Карлфелт (1931) се одлукувани постхумно, затоа што починаа откако беа номинирани. Од 1974 година и тоа веќе не е дозволено.

Сепак, во 2011 година Нобеловата награда за медицина му е доделена на мртов човек. Кога Комитетот за доделување на наградата објави дека добитник е Ралф Стајнман, членовите на ова тело не беа запознати со фактот дека тој починал три дена претходно. Во тој случај е направен исклучок. Наградата потоа им беше врачена на членовите на неговото семејство.

Двократни добитници

Четворица научници ја имаат добиено Нобеловатанаграда по два пати. Американецот Џон Бардин доби два пати Нобелова награда за физика - еднаш за пронаоѓањето на транзисторот (1956), а вториот пат за теоријата за суперпроводоливост (1972). Британскиот биохемичар Фредерик Сангер два пати ја доби Нобеловата награда за хемија - во 1958 година за анализата на структурата на инсулинот, а во 1980 година за методот на одредување на редоследот на нуклеинските бази во ДНК.

Невообичаена комбинација му успеа на американскиот хемичар Линус Паулинг. Тој во 1954 година беше добитник на Нобеловата награда за хемија, а во 1962 година ја доби Нобеловата награда за мир. Паулинг беше голем противник на нуклеарните проби.

Жените добитнички се во малцинство

Досега најпознатата носителка на Нобеловата награда е Марија Кири. Во 1903 година таа ја доби наградата за физика поради истражувањата на радиоактивноста, а во 1911 година за хемија, односно откривањето на хемиските елементи полониум и радиум.

На жените досега им се доделени 44 награди, но само 16 пати за некоја од научните дисциплини, што чини само три проценти од вкупно доделените Нобелови награди. Во областа на физиката се наградени две жени, во сферата на хемијата четири, а за медицина награди имаат добиено 10 жени.

Flash-Galerie Forscherinnen

Марија Кири е единствена жена со две Нобелови награди

Одбивање на наградата

Носителот на Нобеловата награда за мир, Ле Дук То и носителот на Нобеловата награда за литература, Жан-Пол Сартр, одбија да ги примат наградите. Сатртр одбиваше секакви јавни признанија, додека Ле Дук То ја одби својата награда поради тогашната ситуација во Виетнам. Вакви случаи нема во научните дисциплини.

Освен тоа, на германскиуте научници кои работеа за време на владеењето на Хитлер им беше забрането да примат награда. Од тоа беа погодени Рихард Кун (хемија 1938), Адолф Бутенант (хемија 1939) и Герхард Домак (медицина 1939). Тие по завршувањето на Втората светска војна примија диплома и медал, но не и паричeн дел на наградата.

Која земја е најсупешна?

Најмногу Нобелови награди во сите три научни дисциплини се заминати во САД - 43 проценти од сите носители на награди за физика, хемија и медицина се Американци.

Потоа следуваат Германците за физика и хемија и на трето место се Британците. Во сферата на медицината редоследот е обратен. На четврто место се Французите.

Кога се раѓаат Нобеловците?

Најчести родендени на Нобеловците се 21 мај и 28 февруари.

Колку се стари добитниците?

Добитникот на Нобеловата награда во сите шест дисциплини е просечно стар 59 години. Во научните дисциплини тој просек е нешто понизок и изнесува 57 години, а во медицината само 55 години.

Најмладиот добитник е награден во 1915 година. Тоа беше 25-годишниот физичар Лоренс Брег. Најстариот награден во областа на природните науки е физичарот Рејмонд Дејвис, кој во 2002 година ја прими наградата на 88-годишна возраст. Двајца добитници во областа на економските науки, Леонид Хервиц и Лојд Шепли, имаа дури по 90, односно 89 години.