1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нобеловката освоила пратеничко место во Мјанмар

Добитничката на Нобеловата награда за мир Аунг Сан Су Чи остварила историска победа влегувајќи за првпат во парламентот во Мјанмар, тврди опозицијата во земјата.

Опозицијата во Мјанммар, поранешна Бурма, соопшти дека е на пат да ги освои сите 44 пратенички места за кои имаше кандидати на делумните парламентарни избори во земјата.

Претставник на Националната лига за демократија соопшти и дека место во парламентот обезбедила и лидерката на партијата и добитничка на Нобеловата награда за мир, Аунг Сан Су Чи , која важеше за фаворит во нејзиниот изборен округ. Официјалните резултати од изборите треба да бидат соопштени за неколку денови.

Nachwahlen in Birma 2012

Приврзеници на партијата на Аунг Сан Су Чи ја слават победата

Стотици луѓе, приврзеници на опозицијата со огромна радост ја дочекаа информацијата дека Аунг Сан Су Чи го освоила пратеничкото место во парламентот на Мјанмар, што најнапред беше објавено на големиот екран пред седиштето на Националната лига за демократија во Јангон.

Во партијата проценуваат дека таа освоила 99 насто од гласовите во нејзиниот изборен округ Кавму.

Аунг Сан Су Чи повеќе од 20 години се бореше против воената власт во нејзината татковина и поради тоа речиси 15 години мина во домашен притвор.

Денешните избори важат за тест за реформската волја на владата и претставуваат важен предуслов за ублажување на економските санкции на Западот против оваа земја во југоисточна Азија, која долги години беше целосно изолирана поради владеењето на војската.

Воената хунта по речиси пет децении владеење минатата година во март ја предаде власта на цивилна влада, која вети широк реформски процес. Во тие рамки беа ослободени бројни политички затвореници, меѓу кои се неколкумина лидери на студентска група за демократија кои застанаа зад антивладините протести во 1988-ма и 2007-ма година.