1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Нобелова награда за физика

*

Германскиот научник Петер Гринберг и неговиот француски колега Алберт Ферт се добитници на годинашната Нобелова награда за физика. Обајцата наградата ја добиваат за откривањето на таканаречениот ГМР-ефект 1988. Со него се овозможува читање на информации од комјутерскиот харт-диск што доведе до радикално намалување на дискот во изминатите години. 68-годишниот Гринберг работи на институтот во Јилих.