1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нобелова награда за физика за „божјите честички“

Нобеловата награда за физика оваа година им е доделена на Белгиецот Франоса Енглерт (лево) и Британецот Питер Хигс (десно) за нивното предвидување дека постојат многу ситни честички, т.н. Хигсови бозони.

Двајцата научници со нивното предвидување на егзистенцијата на Хигсови бозони, наречени по презимето на Хигс, значително придонесоа кон разбирањето на физиката на ситните честички, соопшти денеска (08.10.2013) институтот Каролинска.

Постоењето на супатомските честички, кои играат голема улога во настанувањето на универзумот, наречени поради тоа и „божји“, беше докажано минатата година во европскиот забрзувач на честички побрзи од светлината „Церн“ во Швајцарија.

84-годишниот Петер Хигс и 80-годишниот Енглерт го прогнозираа постоењето на овие најситни честички уште во 1960-те години. Највисокото признание за физичарите е наградено со околу 920 илјади евра.