1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нобелова награда за таткото на „децата од епрувета“

Нобеловата награда за медицина годинава оди во рацете на британскиот физиолог Роберт Едвардс. Тој се смета за татко на вештачкото оплодување - технологија што ја разви заедно со веќе починатиот колега Петрик Стрептоу.

default

Британскиот физиолог, Роберт Едвардс

Каролинска институтот во Стокхолм го избра британскиот физиолог Роберт Едвардс како единствен носител на Нобеловата награда за медицина во 2010 година. Во образложението се вели дека тој со истражувачката дејност им помогнал на голем број луѓе да добијат потомство. Според научните истражувања, дури 10% од брачните парови во светот не можат да добијат деца по

Deutschland Medizin künstliche Befruchtung IVF

Вештачкото оплодување во Германија почнало од 1982 година

природен пат. Благодарејќи на револуционерното откритие на Едвардс, денеска на светот има веќе 4 милиони деца, кои се зачнати во епрувета. Првиот доказ за успешноста на новата технологија дојде на 25 јули 1978 година, со раѓањето на Луиз Браун, која денес живее во Велика Британија и која зачнала и родила дете по природен пат.

Првата идеја за вештачко оплодување Роберт Едвардс ја имал веќе во 50-тите години од минатиот век, но до нејзината реализација морал да работи многу напорно, откривајќи многу важни закони на оплодувањето на луѓето, се вели во образложението на Нобеловиот комитет. Згора на тоа, морал да се бори и со големите отпори во јавноста и естаблишментот.

Бидејќи Робертс и неговиот колега ја чувале тајната првите години, во Германија првото дете од епрувета се роди дури во април 1982 година.

Автор: ГЧ/ЖА/дпа/афп

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска