1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Нобелова награда за мир за Ал Гор и Советот на ОН за климата

Норвешкиот Нобелов комитет се определи за поборниците за заштита на климата. и Наградата дотирана со 1,1 милион евра традиционално се врачува на 10-ти декември

default

Ал Гор

До последна минута пред донесувањето на решението се шпекулираше кој би можел да ја добие годинашната Нобелова награда за мир – Европската унија како институција, или можеби некогашниот фински претседател Марти Ахтисари за неговиот меѓународен кризен ангажман? Комитетот што ја доделува наградата се определи за поборниците за заштита на климата.

“Норвешкиот Нобелов комитет реши наградата за мир за 2007-ма година да им ја додели рамноправно на Советот на ОН за климата и на Алберт Арнолд Ал Гор Јуниор, за нивните заслуги за расветлувањето на промените на климата предизвикани од луѓето” – беше соопштено денеска во Осло. Со тоа, според комитетот, се поставени темели за дејствување против затоплувањето на земјината клима.

Поранешниот американски потпретседател, 59-годишниот Ал Гор, беше еден од фаворитите за наградата. Упадлив е неговиот еколошки ангажман годинава со серијата концерти во светот “Лајв-ерт”. Во февруари Гор доби и Оскар за филмот “Една непријатна вистина”, во кого тој се обидува да ги појасни консеквенциите од промените на климата.

“Страшните консеквенции можеме да ги избегнеме, но ако не почнеме наскоро да дејствуваме, тогаш тоа ќе има последици за човечката цивилизација, какви што се’ уште не сме доживеале. Значи, мораме да дејствуваме” – вели Ал Гор. Опасностите од глобалното затоплување тој ги откри како своја тема по тесниот пораз од Џорџ Буш на претседателските избори во 2000-та година.

Светскиот климатски совет на ОН, пак, беше востановен во 1998-ма година како реакција на затоплувањето на земјината клима. Советот прави резимеа од извештаи на меѓународни научници. Неговите така подготвени извештаи за промените на климата во минатото наидуваа на голем одек.

Нобеловата награда за мир, дотирана со 1,1 милион евра, традиционално се врачува на 10-ти декември. Годинава беа предложени 181 кандидат за наградата, меѓу нив и поранешниот германски канцелар Хелмут Кол, кого за заслугите за европското обединување го предложи претседателот на Комисијата на ЕУ Жозе Мануел Барозо. Последен Германец што ја доби наградата за мир во 1971-ва година беше тогашниот канцелар Вили Брант.

А. Брајтшу