1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нобелова награда за медицина на Германец и двајца Американци

Нобеловата награда за медицина оваа година е доделена на германскиот научник Томас Зидхоф и на неговите колеги Џејмс Ротман и Ренди Шекман, соопшти Комитетот за доделување на наградата во Стокхолм.

Тројцата научници се наградени за своите истражувања во врска со транспортните системи на келиите, као што соопшти Комитетот за доделување на Нобеловата награда денеска во Стокхолм. Признанијата ќе бидат врачени во декември.

Зидхоф работи и врши истражувања на американскиот елитен универзитет Стенфорд.

Со објавувањето на Нобеловата награда за медицина почна објавувањето на серијата од најпрестижните признанија за оваа година. Утре ќе биде објавен добитникот на наградата за физика, а в среда за во областа на хемијата. В четврток следува обелоденувањето на добитникот на Нобеловата награда за литература, а в петок ќе биде познато кој ќе го понесе признанието - Нобелова награда за мир. Вообичаено неколку дена подоцна следува соопштувањето на наградениот за економија, а тоа ќе биде в понеделник.