1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нобеловата награда за мир за Организацијата за забрана на хемиско оружје

Организацијата за забрана на хемиското оружје е годинешниот добитник на Нобеловата награда за мир, како што беше соопштено денеска (11.10.2013) во Осло.

Норвешкиот Нобелов комитет денеска во Осло ја соопшти одлуката за доделување на годинашната Нобелова награда за мир - овојпат неа ја доби овојпат Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ). Лани наградата ја доби ЕУ.

Одлуката меѓународната организација ОПЦВ, која започна со уништување на хемиското оружје во Сирија, да ја добие Нобеловата награда за мир, е неочекувана, но заднината е мошне актуелна. Работата која е во тек во однос на започнатото уништување на арсеналот хемиско оружје со кое располага Сирија, може да се толкува како мал зрак светлина во сложениот конфликт во таа земја.

Инаку, како кандидати за Нобеловата награда за мир медиумите во последно време најмногу ја споменуваа 16-годишната Пакистанка Малала Јусафзаи, веќе наградувана за својата борба за правата на девојчињата и жените на образование во Пакистан, меѓу другото вчера и со наградата Сахаров на Европскиот парламент. Вкупно за годинешното престижно признание беа номинирани 259 личности и организации, што е нов рекорд.