1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Нобеловата награда за медицина за истражувања на матичните ќелии

Џон Гурдон и Шинија Јаманака, научници кои се занимаваат со истражување на клетките, се добитници на годинешната Нобелова награда за медицина. Наградата ја добија за истражувањата во областа на матичните ќелии.

Британскиот научник Џон Гурдон и Јапонецот Шинија Јаманака работеа на репрограмирање на телесните ќелии на возрасни лица во ембрионална состојба. Нивното откритие, дека зрелите ќелии можат да бидат репрограмирани во матични клетки го револуционираше сфаќањето за развојот на клетките и организмите, ја образложи Нобеловиот комитет во Стокхолм својата одлука. Носителите на наградата, според Комитетот, отворија целосно нови полиња за развојот на медицински препарати. Меѓутоа се’ уште е рано да се каже кога овие сознанија ќе можат да бидат спроведени при терапијата на ќелиите. Но, благодарение на работата на двајцата научници извесно е дека развојот на клетките не е еднонасочна улица.

Молекуларен извор на младоста за ќелиите

Јаманака во 2006. година во еден научен труд за првпат објави, како ќелиите од тело на возрасен со генетски трикови може да се претворат во матични клетки, кои во голема мера наликуваат на оние од ембрион. Гурдон ги постави основите за тоа.

Многумина научници од целиот свет се надеваат дека од овие т.н. индуцирани плурипотентни матични клетки (iPS-cells) еден ден ќе може да создадат ткива или органи, кои од примателот нема да бидат отфрлени, бидејќи ќе потекнуваат од неговото сопствено тело. Во изминатите години ваквите индуцирани плурипотентни матични клетки навистина беа претворани во различни типови на ќелии. И многу повеќе од тоа беа создадени глувци способни за живот.

Физика, хемија, литература мир ...

Имињата на носителите на другите Нобелови награди ќе бидат познати наредните денови. Во вторник и среда ќе се објават носителите на Нобеловите награди за физика и хемија, за кои одлучува Кралската академија на науките на Шведска. В четврток ќе биде соопштена одлуката за Нобеловата награда за литература.

В петок норвешкиот Нобелов комитет во Осло ќе го објави носителот на Нобеловата награда за мир. На 15. октомври ќе биде објавена наградата за економски науки.

Нобеловите награди ќе бидат врачени традиционално на 10. декември. Нобеловите награди се доделуваат од 1901. година, додека одличјето за економски науки од 1969. година.

Паричната награда оваа година е намалена за 20 проценти на околу 930.000 евра. Нобеловиот комитет образложи дека овој чекор е преземен поради намалените ресури како последица од финансиската криза.