1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Нобеловата награда за литература за Херта Милер

Германката со романско потекло Херта Милер ја заслужи годинешната награда со делата во кои „концентрацијата на поезијата и искреноста на прозата ги опишуваат пејсажите на обесправените“, соопшти Шведскиот комитет.

default

Херта Милер

Претставникот на академијата, Петер Енглунд изјави дека Милер „поседува фантастичен и многу карактеристичен јазик“, а нејзиниот стил го опиша како „кус и прецизен, со многу сликовитост“.

56-годишната авторка, која емигрираше во Германија од тогашната комунистичка Романија во 1987 година, на литературната сцена дебитираше со збирката кратки раскази „Низини“, која беше експресно цензурирана од романските власти. Во 1984 година, нецензурирана верзија на збирката беше објавена во Германија, а нејзините приказни за животот во едно мало романско село со германско население беа обожувани од читателите.

Отворен критичар на комунистичка Романија

Herta Müller Literatur Nobelpreis Flash-Galerie

Милер и нејзините родители биле припадници на германското малцинство во Романија. Нејзиниот татко, во текот на Втората светска војна, бил припадник на СС-единиците на нацистичка Германија, а мајка и‘ по војната била депортирана во Украина.

Поради нејзината отворена критика на романската влада, и стравот од тајната полиција, Милер и нејзиниот сопруг побегнаа од земјата и емигрираа во Германија.

Од 1901 година, кога првата Нобелова награда за литература ја доби францускиот поет Сули Прудом, до денес, ова престижно признание им е доделено на вкупно 101 лауреати, меѓу нив и славни имиња како Габриел Гарсија Маркез, Пабло Неруда, Херман Хесе, Александар Солженицин, Жан Пол Сартр, Ернест Хемингвеј и Иво Андриќ...

Автор: БГ/СН/ртре

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска