1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Нобеловата награда за литература во рацете на лиричар

Нобеловата награда за литература оваа година останува во Шведска. Томас Транстромер „еден од најголемите поети на денешницата“ е носител на Нобеловата награда за литература 2011 година, објави Шведската академија.

default

Томас Транстромер

Високото признание, Нобелова награда за литература 2011 го добива 80-годишниот Томас Транстромер, лиричар чие има долго време се споменуваше, но речиси веќе никој не веруваше дека ќе му биде доделена.

Транстромер, преку неговите јасни слики им овозможува на читателите нов влез во реалноста, се вели во образложението за наградата.

Радосната вест не можеше толку едноставно да му биде соопштена на поетот роден во Стокхолм, изјави Петер Енглунд, постојаниот секретар на Шведската академија. Телефонскиот повик имено, годинава стигнал подоцна од вообичаеното, а покрај тоа и носителот, кој инаку бил дома кога телефонот заѕвонил, слушал музика на слушалки. 

Литературното дело на Транстромер досега има добиено голем број литературни награди, благодарение на силата на јазикот и моќта на сликовитоста на неговата поезија.

Во 50-те години поетот студираше психологија и историја на литература и религија во неговиот роден град Стокхолм. До 1990 година тој работеше како психолог. Во 1990 година Томас Транстромер имаше мозочен удар, кој остави последици врз неговиот јазичен центар, меѓутоа здравствено повторно се оправи.

Неговите збирки песни се преведени во повеќе од 50 земји. Целокупното негово творештво се состои од нешто помалку од 100 текстови.

Нобеловата награда за литература е дотирана со 1,1 милиони евра.

 Автор: Албрехт Брајтшу/ ард/ АТ

Редактор: Симе Недевски