1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Нобеловата награда за економија во раце на американски научници

Американците Томас Џ. Сарџент и Кристофер А. Симс ја добија Нобеловата награда за економија, за испитувањата на односот причина - последица меѓу економијата и политичките инструменти, како каматите и владиното трошење.

default

Еден од двајцата добитници за малку ќе ја преспиел веста за наградата

Сарџент и Симс се на возраст од 68 години и ги спровеле своите истражувања независно еден од друг во 70-ите и 80-ите години, но се многу важни денес, кога светските влади и централните банки бараат начин да ги извлечат економиите од уште една рецесија.

Шведската кралска академија соопшти дека добитниците на наградата развиле методи со кои се добиваат одговори на тоа како економскиот раст и инфлацијата влијаат на привремено зголемување на каматната стапка или кратење на даноците.

„Денес методите развиени од Сарџент и Симс се суштински алатки во макроекономските анализи“, забележаа од Кралската академија. Од академијата додаваат дека економистите развиле методи за проучување на врската меѓу економската политика и макроекономските варијабли, како што е брутодомашниот производ, инфлацијата, вработеноста и инвестициите. Нивните истражувања биле насочени на утврдување како политиката влијае на економијата, но и како економијата влијае на политиката.

Nobelpreis Medaille Ausschnitt / NO FLASH

Добитниците на наградата, освен медал и сертификат, добиваат и парични средства во висина од 10 милиони шведски круни или 1,5 милиони американски долари

Еден од Нобеловците ќе ја преспиел информацијата за наградата

Сарџент е професор по економија и бизнис на Универзитетот во Њујорк и се фокусирал повеќе на постојаните промени во економската политика, како што се целите на инфлацијата, а Симс е професор по економија и банкарство на Универзитетот во Принстон и ги проучувал повеќе ефектите од каматните стапки поставени од централните банки.

Симс беше вклучен телефонски на конференцијата за печат во Стокхолм и рече дека не очекувал да ја добие наградата. За малку немало ниту да одговори на повикот од Шведска.

„Всушност, кај нас ѕвонеше двапати и жена ми не можеше да го најде копчето на телефонот за зборување, така што си легнавме повторно“, рече Симс.

„Не можам да бидам посреќен од добивањето на наградата заедно со мојот колега Том Сарџент“, рече тој. Прашан како ќе ги инвестира своите 10 милиони шведски круни (1,5 милиони американски долари), што ќе ги добие со наградата во време на турбуленции на финансиските пазари, Симс рече дека „најпрво што ќе направи е да ги зачува некое време во кеш и да мисли“.

Неговата сопруга, Каролин Сарџент им рече на новинарите дека нејзиниот сопруг бил многу тивок кога разбрал дека ја добил наградата.

„Мислам дека беше во страв. Брзаше на предавање“, додаде Каролин. Нејзиниот сопруг по сознанието дека добил Нобелова награда фатил воз и заминал на часови на факултет.

Наградите одат во рацете на постари економисти

Schweden Alfred Berhard Nobel

Наградите се доделуваат на годишнината од смртта на основачот на фондацијата, Алфред Нобел

Наградите ќе бидат доделени на 10-ти декември, кога е годишнина од смртта на основачот на фондацијата, Алфред Нобел. Економската награда не е меѓу оригиналните што беа промовирани во 1895 година по желба на Нобел. Таа е создадена во 1968 година од страна на Шведската централна банка во негово сеќавање. Досега 34 од Нобеловите награди за економија отидоа во рацете на научници од САД.

Вообичаено е наградите да одат во рацете на повозрасни економисти. Најмладиот лауреат во областа на економските науки беше Кенет Џ. Ароу, кој имаше 51 година кога ја доби наградата во 1972 година. Најстариот лауреат досега е Леонид Хурвиц, кој имаше 90 години кога ја доби Нобеловата награда за економија во 2007-ма година. Тој, во истовреме, го држи рекордот за најстар лауреат меѓу добитниците на Нобеловата награда во сите категории.

Автор: Александар Методијев/ап/дпа /афп/ртр

Редактор: Е.М.Фиданоска

 

DW.COM