1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Нобеловата за економија за истражувачи на пазарот на труд

Американците Питер Дајмонд и Дејл Мортенсен и Кристофер Писаридес, Британец со кипарско потекло ја освоија Нобеловата награда за економија 2010 за нивните теории за влијанието на економската политика врз пазарот на труд.

default

Тројцата професори лауреати

Годинешнава награда за економски науки е за пазарите, каде продавачите и купувачите имаат проблеми да се најдат еден со друг. Кралската академија за науки на Шведска одлучи да ги награди Питер Дајмонд, Дејл Мортенсен и Кристофер Писаридес за нивната метода за анализа на пазарот која опишува како да се усогласат понудата и побарувачката, соопшти денеска претставникот на академијата.

Методите на лауреатите освен на пазарот на труд можат да се применат и во други области

Во образложението уште беше истакнато: „Истражувачките модели на лауреатите ни помогаат да ги разбереме начините на кои регулацијата и економската политика влијаат врз невработеноста, бројот на слободни работни места и платите. Со нив може и да се објасни како е можно да се случи и покрај високата невработеност да има висок број на слободни работни места.“

Schweden USA Großbritannien Nobelpreis 2010 Wirtschaft

Моментот на прогласување на годинешните лауреати во Шведската академија на науки

Методите на тројцата лауреати, освен на пазарот на труд, може да се применат и во други области како на пример пазарот на недвижности. Нобеловата награда за економија е дотирана со 10 милиони шведски круни или околу 1,1 милион евра.

Наградата за економија не е во оригиналната група Нобелови награди

Инаку Питер Дајмонд е економист во Институтот за технологија во Масачусетс, за научен авторитет за социјалната безбедност, пензиите и даночниот систем. Дејл Мортенсен, пак, е професор по економија во Нирдвестерн универзитетот во местото Евансон, во американската сојузна држава Илиноис, додека Писаридес е професор на угледниот „Лондон скул оф економикс“.

Наградата за економија официјално наречена „Награда на Шведската Рајхсбанка за економски науки во сеќавање на Алфред Нобел“ е воспоставена во 1968 година. Таа не е дел од оригиналната група награди одредени во тестаментот на Нобел од 1895 година, во која спаѓаат областите физика, хемија, медицина, литература и мир.

Автор: СН/ ТТ/ ртре/ ап/ дпа

Редактор: Александра Трајковска