1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ништо од историското помирување меѓу Хамас и Фатах

Четврти мај 2011 година требаше да влезе во историјата, како ден кога раскараните палестински партии Хамас и Фатах потпишаа примирје. Но, и една година потоа, на палестинските територии нема ни примирје, ниту мир.

default

Жителите на Газа и на Западниот Брег ја загубија вербата во ветувањата за примирје меѓу Фатах и Хамас. Бидејќи во реалност и ништо не се случува. Двете партии досега не успеаја да се договорат за формирање преодна влада, ниту пак е договорен термин за нови избори.

Калил Абу Шамал е директор на организацијата за човекови права Ал Дамир во Газа. Хамас и Фатах заеднички го именуваа за секретар на Одборот за јавна слобода, едно од трите тела кои требаше да ги разгледуваат деталите во процесот на помирување и да ги спроведуваат во дело. Но и самиот Абу Шамал е скептичен.

Mahmud Abbas und Chaled Meschaal in Kairo

Махмуд Абас и Калед Мешал

„Мислам дека има луѓе на обете страни, и во Фатах и во Хамас, кои немаат никаков интерес да дојде до помирување. Тие сакаат состојбата да остане ваква каква што е во моментов“.

Хамас си го оствари сонот

Доколку директно ги прашате претставниците на Хамас, тие ќе ви кажат дека стојат зад договорот за помирување. Тоа го потврдува портпаролот на партијата Фајзи Бархум, но и потенцира дека договорот потпишан во Доха не е никакво револуционерно достигнување, туку само продолжување на процесот на помирување.

„Најголема препрека е изборот на идниот премиер и на владата, и за тоа ќе биде потребно уште време. Тоа е тешко прашање“, вели Бархум.

Само неколку часа по потпишувањето на договорот во Доха се јави отпор во Газа. Влијателниот Махмуд ал Захар од политбирото на Хамас изјави дека шефот на неговата организација Калед Мешал преговарал на своја рака. Мешал наводно потпишал договор за кој немал согласност од целото раководство на Хамас. Потоа целиот процес одново беше блокиран.

За причините поради кои Хамас во Газа, всушност ја бојкотира јавната цел за национално помирување, според Калил Абу Шамал нема дилеми.

„Тие ја имаат власта, тие контролираат се’, изградија паралелни структури.

palaestinenser feiern hamas fatah

Палестинците го слават мировниот договор

Имаат министерства, безбедносни служби и контролираат се’. За Хамас тоа е исполнување на сонот“.

Празни ветувања

Сепак, според Шамал, и кај Фатах нема преголем интерес за помирување. Според извештаите на безбедносните служби кои имал можност да ги види, Шамал тврди дека и раководството на Фатах не е премногу заинтересирано за спроведување на договорот.

Најголемиот проблем при повторното обединување на Хамас и Фатах, односно на палестинските автономни области Газа и Западен брег, би била соработката на нивните безбедносни служби. Кога пред пет години Хамас ја преземаше власта во Газа, неговите вооружени припадници ги ликвидираа и протераа членовите на Фатах. Покрај тоа, Хамас не успеа да изработи ниту избирачки листи за парламентарните и претседателски избори во Газа кои требаше да се одржат на 5 мај годинава.

Големите фрази на помирување и ветувања од пред една година со тоа се покажаа како празни зборови.