1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ништо нема да биде како што е!

Северно од Арктичкиот круг живеат повеќе од 30 индигени народи. Промената на климата на Арктикот се одвива двојно побрзо од брзината на промената на глобално ниво. Тоа ги менува условите за живот за 400.000 домородци.

default

Гренланд

Начинот на живот на народите на Арктикот е силно поврзан со исклучителната актичка природа. Но, таа веќе се менува поради промената на климата. Стеинар Педерсен е раководител на Сами-универзитетот во Каутокеино, Норвешка. Тоа е единствен универзитет на светот на кој се предава и Сами, јазик кој се зборува во делови на Норвешка, Шведска, Финска и Русија. „Загрозени се традиционалните основи на живеењето на север како што е одгледувањето ирваси, ловењето морски цицачи, риболовот“, вели Педерсен.

Ирвасите се хранат од лишаите на дрвјата кои порано ги наоѓаа под снегот. Кога снегот се топи на температури околу нулата и подоцна повторно станува замрзната површина, лишаите за ирвасите стануваат непристапни. Традиционалниот лов на поларни мечки, моржеви и китови зависи од стабилноста на морскиот мраз. А дебела покривка од мраз е потребна и за ловење риби. Пер Бертелсен е гренландски политичар кој се‘ уште неколку месеци во годината живее од риболов.

„Во моментов, ние сме губитници. Промената на климата особено не‘ погаѓа в зима. Порано можевме четири месеци да се потпреме врз тоа дека има стабилен мраз за да ловиме риба. Денес можеме да сметаме со време од само еден месец. Проблемот е што замрзнувањето настапува подоцна, а мразот е опасен. Тој е предебел за бродовите, но претенок за санките со кучиња. Тоа ни‘ создава многу проблеми, како од социјална, така и од финансиска природа.“

„Се плашам дека ќе загубиме она што го чини нашиот идентитет“

Времето на Арктикот бележи големи промени и е се‘ потешко предвидливо. Карен Филсков е израсната во Лулисат, на западниот брег на Гренланд. Денес таа работи во Канцеларијата за туризам и економски развој на регионот: „Времето се промени многу во последните 15 години. Меѓу 1997 и 2007 година, на пример, немавме мраз. Но, во

arktis.jpg

Промената на климата на Арктикот се одвива со двојно поголема брзина отколку промената на климата на глобално ниво

2008 и 2009 година имаше мраз, имаше две екстремно ладни зими. Многумина рибари кои порано ги пренесуваа рибите со санки, веќе немаа кучиња за влечење на санките зашто се откажаа од нив поради тоа што во меѓувреме можеа да ја пренесуваат рибата со бродови.“

Сега, народите на Арктикот се исправени пред предизвикот да се прилагодат на новите климатски услови. Туризмот е бранша која нуди нови можности за заработување, но се‘ уште нема инфраструкура и можности за обука на домородците. Лаали Бертелсен е една од ретките туристички водичи на Гренланд која води туристи до глечерите и другите работи на арктичкиот остров што се вредни да се видат. Таа е загрижена дека промената на климата може да влијае негативно на туризмот: „Гренланд е познат како студено место, каде има ледени планини, поларни мечки, китови и слично. Се плашам дека ќе го загубиме она што го чини нашиот идентитет.“

Има работи што не можат да се запрат

Со оглед на затоплувањето на климата, многумина се надеваат на приходи од резервите на нафта и гас кои, како што се претпоставува, ги има на Арктикот. Но, Стеинар Педерсен од Сами-универзитетот не верува оти од тоа ќе профитираат индигените народи: „Индигените заедници на север се искористувани со векови. Ресурсите - риби, животни или минерали - се изнесуваат, но добивка имаат јужните делови на артитчките земји, или дури и други делови на Земјината топка, поради глобализацијата. Се плашам дека истото ќе се случи и со нафтата и гасот и дека народите на север од тоа ќе имаат одвај нешто приходи.“

Доколку глобалното затоплување продолжи, традиционалниот начин на живот на индигените народи во Арктикот ќе го снема заедно со единствениот еко- систем на регионот. Научниците предвидуваат зголемување на температурата за 4 до 7 степени целзиусови, во овој век. Арктичкиот океан налето ќе биде практично без мраз. За гренландскиот политичар Пер Бертелсен нема алтернатива освен прилагодување на новите услови: „Ќе сторам се‘ што е во моја моќ за да ги зачувам мојата култура и начин на живеење, но има активности и развој на работите кои едноставно не можеме да ги запреме.“

Автор: Ирене Квајле / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM