1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Ништо без „ледерхозен“

Минхенскиот Октоберфест е најголемиот народен фестивал во светот. Од година во година, фестивалот го посетуваат милиони луѓе. На него се негува и традиционалниот баварски стил. Жените носат дирндл, а мажите „ледерхозен“.

Мажите на Октоберфест не би требало да се појават без кожни пантолони или „ледерхозе“. Тоа важи и за гостите од странство. Но, вистинските кожни пантолони се прескапи за еднократно задоволство. Информатичкиот експерт Франк Румер затоа дојде на идеја да ги изнајмува пантолоните. Веќе 10 години тој собира „ледерхозен“, и досега поседува околу 120 примероци.

„Овој примерок е еден од најстарите кои ги поседувам. Панталоните се стари над 70 години, можеби и повеќе“, вели Франк Румер.

Старите оригинали можат да се резервираат онлајн. Муштерии на Румер се Арапи, Италијанци, Англичани, Австралијанци. Вистинските „ледерхозен“ се направени по мерка од еленска кожа и чинат најмалку 600 евра. Франк Румер со оваа работа се занимава од хоби. За еден ден изнајмување на пантолоните се плаќа 4 ипол евра, а мора да се остави кауција од 250 евра и да се плати 12 евра за чистење.

„Овие мали масни флеки се од бришење на прстите од пантолоните, но тоа не е толку страшно на еленската кожа. Кожата ги впива овие флеки, материјалот буквално ги проголтува. Тоа не е проблем. По две, три недели тие воопшто нема да се гледаат“, објаснува Франк Румер. Вистинските баварски „ледерхозе“ мора да изгледаат масно и износено.

Flash-Galerie Oktoberfest 2011

На оној кој ќе ги врати пантолоните оштетени, Франк едноставно му ја задржува кауцијата. Трегерите ги изнајмува бесплатно. Странските гости се задоволни од услугата. Румер веќе има многу постојани муштерии, бизнисмени од Германија и од странство. И ништо притоа не му е тешко. Франк лично им ги носи пантолоните до хотел и се труди сѐ да биде на свое место.

Еден бизнисмен од Шпанија ги пронајде своите омилени „ледерхозен“. Но, не знае кој дел е однапред, а што е одзади? Во секој случај наопаку ги облекол пантолоните. Франк Румер им помага на странските гости за сите проблеми. Во баварска носија и со баварскиот стил на живот, и Шпанците тргнуваат на забава на минхенскиот Октоберфест.