1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Нишај ги колковите - 40 години музичка историја

Клајв Кемпбел на денешен ден пред 40 години на една забава го миксаше Џејмс Браун на два грамофони. Со тоа тој започна нова ера во музичката историја, односно со неговите брејкбитови ги положи темелите на хип-хопот.

Сѐ започна во август 1973 во заедничката просторија на еден станбен блок во Седгвик Авенју бр. 1520 во Бронкс, Њујорк. Тогаш 18 годишниот Клајв Кемпбел со уметничко име Диџеј Кул Хрк направи забава со сестра му Синди.

„Тогаш младински банди ги тероризираа клубовите, затоа нашите забави ги одржувавме во заедничката просторија. На сите им реков дека треба да се однесуваат добро. Влезот чинеше 25 центи за девојките и 50 центи за момците“, се сеќава Диџеј Кул Хрк.

Специјална мешавина на брејкбитови и рап

Fischmarkt in der Bronx

Од блоковите на Бронкс до сите делови на светот

Диџеј Кул Хрк имаше огромна колекција плочи и започна, оти му беше забавно, да ги пушта само т.н. брејкбитови - ритмичките инструментални делови. На таа музика може добро да се танцува. „Името не потекнува од мене, но по некое време овој музички стил се нарече хип-хоп“, појаснува Клајв Кемпбел. „Хоп“ означува танцувачки чекор, а „Хип“ едноставно значи колк - „хип-хоп“.

Не траеше долго додека многу клубови во Њујорк почнаа да ја пуштаат само оваа музика. Младите од Бронкс на неа танцуваа, тоа беше брејкденс. Додека од најавите на диџејот се разви еден вид ритмично говорно пеење - рапот.

„Сонот на Мартин Лутер Кинг“

До денес хип-хоп културата, кон која припаѓаат и графитите како и специјалниот начин на облекување (Dress Code), широки панталони (Baggy Pants) и качулки, честопати се асоцира со дрога и насилство.

Musik DJ Discjockey Plattenteller

Повторно пред мишпултот

Диџеј Кул Хрк се спротивставува на ваквото сфаќање: „Тоа беше сонот на Мартин Лутер Кинг. Мали бели момчиња и мали црни момчиња кои заедно пуштаат плочи и танцуваат. Хип-хопот беше првото движење кое ги премости културните граници“.

Во наредните децении хип-хопот тргна во освојувачки поход ширум светот. Секоја земја има свои рапери, секоја деценија носеше нови хип-хоп песни.

Денес 40 години по легендарните забави во блоковите на Бронкс, Диџеј Кул Хрк, родум од Јамајка, своите долги суканици ги носи под шапка. Во меѓувреме има 58 години и помалку слабо здравје. Тоа се последици од долгогодишниот конзум на дрога и повредата од напад со нож.

Сепак на роденденот на хип-хопот повторно е пред мишпултот во Централ парк во Њујорк - таму каде што сѐ започна пред 40 години.