1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Ниту еден азил за баратели од Македонија

Германија станува неинтересна за наводните азиланти: постапката на властите за оцена на барањата скратена - со тоа и парите за помош за наводните азиланти. Бројката на баратели од Македонија значително опадна.

Бројката на баратели на азил од Србија и од Македонија во Германија значително опадна во ноември. Од актуелната статистика на Сојузното министерство за внатрешни работи на Германија произлегува дека од Македонија азил побарале 497 лица, наспроти 1351 во октомври. Од Србија имало 1306 лица кои побарале азил, а во октомври биле 2673.

На барање на германскиот министер за внатрешни работи Ханс-Петер Фридрих, Сојузната служба за миграција ја забрзала постапката за оценување на барањата за азил на помалку од десет денови. Податоците од статистиката, се чини, потврдуваат дека мотивите на барателите се пред се’ од финансиска природа, оти со ова значително се намалуваат парите за помош за наводните азиланти. „Поради прекраткиот престој во Германија, за засегнатите веќе не е интересно да бараат азил само од економски причини“, оцени министерот Фридрих.

Во ноември биле решени 4395 барања на државјани на Србија, 2353 на азиланти од Македонија и 1231 од Босна и Херцеговина. Во ниту еден случај не е констатирано исполнување на условите и не е одобрен ниту еден единствен азил.