1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нитан: Грција и Македонија немаат смелост за компромис

Германскиот социјалдемократ Дитмар Нитан од македонските и грчките политичари бара смелост за компромис околу името. На извештајот на ЕК за РМ гледа критички, а изоставувањето на зборот „македонски“ го смета за техничко.

default

Дитмар Нитан, пратеник од СПД

„Извештајот за напредокот на Македонија од Европската Комисија во целост го гледам мошне критично. Во документот се констатира дека има напредок, но според мене, тој би можел да биде уште поголем, посебно во сферата на  медиумите, слободата на изразувањето, улогата на Парламентот, имплементирањето на транспарентност во работата на владата и администрацијата каде што се’ уште гледам дефицити“, изјави за Дојче веле Дитмар Нитан, социјалдемократ, член на Комисијата за ЕУ во германскиот Бундестаг и добар познавач на Западниот Балкан.

Со оглед на тоа што октомвриските оценки на Македонија не и‘ донесоа датум за преговори, Нитан на прашањето - дали ова не е момент ЕУ да изврши поголем притисок и врз Грција за деблокирање на европскиот пат на Македонија, вели:

Притисок зад затворени врати!

„Грчката влада ова поинаку би го аргументирала. Би кажала дека грчкиот народ е негативно настроен против масивните мерки на штедење и против Унијата,  па затоа притисок од страна на ЕУ за решавање на спорот со името нема да има ефект, туку уште повеќе ќе го влоши нерасположението против Европската унија. Ова не значи меѓутоа, дека во разговорите зад затворени врати не треба да се делува: Европската унија јасно треба од Грција да побара конечен компромис и решавање на спорот со името“, смета пратеникот Дитмар Нитан.

Во 2004 година, токму на иницијатива на социјалдемократите, германскиот Бундестаг усвои препорака за користење на уставното име на Република

Euro-Schuldenkrise

Притисокот на ЕУ и социјалдемократите врз Грција во овој момент би бил контрапродуктивен?!

Македонија. Овој документ, меѓутоа, беше необврзувачки за владата, така што и натаму во официјналната комуникација се користи референцата. Нитан вака го коментира фактот дека Европската комисија успеала на 82-те страници  од последниот извештај ниту еднаш да не го употреби терминот „македонски“:

„Ова е техничко прашање и не смее да се гледа строго! Со оглед на тоа што постои спорот околу името, Европската комисија се обидела да го одбегне користењето на термините македонски јазик, или македонска влада. За мене, како кажав, ова е техничко прашање и на верувам дека има некакво негативно позиционирање кон Македонија. Напротив, Европската Комисија секогаш одново укажувала дека нема разбирање што се’ уште не е постигнат компромис во спорот со името“.

До кога статус кво?

За тоа дали социјалдемократите можат  да притиснат повеќе за решавање на спорот со Грција, Дитмар Нитан вели дека тие прават многу за да се дојде до решение. Минатиот викенд тој присуствувал на конференција каде имало и парламентарци од Југоисточна Европа. Разбирливо разговарал и со

Treffen in Griechenland

Одговорноста е врз политичарите: премиерите Груевски и Папандреу

претставниците на грчкиот ПАСОК, но и со социјалдемократите од Македонија. Македонските колеги не се на власт, но грчките ја имаат владата. За конечното решение Нитан смета дека клучот е во политичката смелост на секоја од владите:

„Имам впечаток дека грчката влада нема смелост да направи компромис за спорот со името зашто народот и онака е доволно револтиран поради мерките за штедење. Но, мислам дека и актуелната македонска влада не е подготвена за компромис, зашто можеби со статус-кво ситуацијата и не е толку незадоволна.Се’ на се’ - ова е незавидна ситуација.Посакувам и на двете страни, и во Македонија, но и во Грција, политичарите да имаат целосна одговорност и конечно да имаат смелост за компромис во спорот околу името. Секој човек кој не е од Грција или од Македонија нема веќе никакво разбирање за она што се случува!“, изјави социјалдемократот Дитмар Нитан за Дојче веле.

 

Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска