1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Нирнберг победник на фудбалскиот Куп на Германија

Новиот шампион Штутгарт не успеа да освои двојна круна. Во финалето во Берлин Нирнберг - Штутгарт со 3 спрема 2, во женска конкуренција Франкфурт – Дуизбург 4 спрема 1

Играчите на Нирнберг со победничкиот пехар

Играчите на Нирнберг со победничкиот пехар

Финалната битка траеше цели два часа - по регуларните 90 минути резултатот беше 2 спрема 2. Клучна фигура беше напаѓачот на Штутгарт Какау – прво го доведе својот тим во водство, а потоа направи неспортски потег – со тупаница удри противнички играч и беше исклучен. Така неговиот тим мораше голем дел од натпреварот да игра со играч помалку. И покрај тоа Штутгарт добро се држеше, но бројната предност на противникот беше пресудна кога исцрпеноста стана видлива кај актерите. Решавачкиот гол го постигна Кристијансен со прекрасен удар во 109-тата минута.

Маркус Шрот од победничкиот тим по средбата оцени: “Повторно прикажавме многу доброа игра. Игравме слично како и во целата сезона. Мислам дека тоа беше клуч на успехот, иако самите малку си ја отежнавме работата”.

По убавото искуство од светското првенство, и овој пат беа организирани јавни следења на преносот: во Берлин имаше стотина илјади луѓе, во Штутгарт и Нирнберг по 30-ина илјади.

Неизвесност донесе и женското финале на Купот: во регуларниот тек беше 1 спрема 1, продолжението не донесе промена на резултатот, а при изведување пенали Франкфурт беше поуспешен од Дуизбург.